Новости
PRM_-_Obama
Македонија веднаш треба да стане член на НАТО - Средба со претседателот на САД Барак Обама
Понеделник, 30 Ноември 2015
STOLTENBERG_2
Претседателот Иванов до Столтенберг: НАТО да ги има предвид новите безбедносни закани и гео-политички аспекти за членството на Македонија
Среда, 25 Ноември 2015


Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, побара од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најголемата воено-политичка организација на светот да ги има предвид новите безбедносни закани и гео-политички асппекти и Алијансата да не го игнорира меѓународното право и пресудата на Меѓународниот суд за правда во однос на Македонија.

„Оваа средба со генералниот секретар на НАТО е во време кога има многу предизвици, како за нашата земја и регион, така и за НАТО. И Алијансата се соочува со големи предизвици, денот е исполнет со активности што ги има генералниот секретар во однос на новата состојба што ја имаме во Сирија", посочи претседателот Иванов по средбата со Столтенберг.

Македонскиот претседател нагласи дека му ги пренел на Столтенберг сите очекувања што Македонија ги има како земја-кандидат за членство во НАТО, а во однос на претстојниот министерски состанок што Алијансата ќе го одржи во декември, како и НАТО-самитот во Варшава идната година.

„Имаме нова реалност и мора таа нова реалност да се почитува. Имаме поместување на гео-политичките состојби во светот, се јавуваат нови предизвици и кога ќе се носат одлуките на Самитот во Варшава идната година, НАТО треба да ги земе предвид сите овие нови околности. Исто така, Алијансата треба и конечно да ја почитува пресудата на Меѓународниот суд од Хаг, бидејќи слушаме како НАТО постојано повикува дека треба да се почитува меѓународното право и превземените обврски, па сето тоа треба да важи и за Македонија", посочи претседателот Иванов.STOLTENBERG_7

Претседателот на Република Македонија во изјава за медиумите информираше дека му упатил покана на генералниот секретар на НАТО да ја посети Македонија и да се увери во сето она што му го пренел. „Да ја види актуелната состојба со бегалците, иако НАТО сега не е вклучен во сето тоа, сепак да види што се се случува во овој период и кој се не проаѓа низ македонската територија", посочи претседателот Иванов.

„Отсекогаш нашиот простор бил оној што го поврзувал Блискиот Исток, Азија и Европа. Затоа, ја повторив мислата дека зарем требаше да дојдат бегалците за да им укажат кој е најфрекфентниот, најстратешкиот и кој правец е најдоминантен во овој дел од Еврпоа и во светот", дециден е претседателот Иванов.


Претседателот Ѓорге Иванов истакна дека Столтенберг му посочил оти ја следи состојбата во Македонија, знае за сите фрустрации што ги имаат македонските граѓани и оти знае за 16-те Акциски планови за членство (МАП) што Македонија ги има завршено позитивно и дека земјата е секогаш активен чинител и учесник во сите иницијативи и акции што ги превзема НАТО, во однос на тоа што досега го имаше нашата армија како учества и во Ирак и во Авганистан.

„Но, состојбите во светот се такви какви што се и мора постојано да се соочуваме со овие предизвици и да се подготвуваме за новите предизвици. Затоа, тој кажа што се НАТО и помага на македонската Армија, со сите тренинзи и обуки и сета поддршка што ја дава за да можеме ние како држава и нашата Армија, која е долго кандидат за членство во НАТО, да може да се справува со предизвиците и да влијае на општата безбедносна состојба во поширокиот регион", потенцираше претседателот Иванов.

Сепак, македонскиот претседател беше реален дека Јенс Столтенберг, како генерален секретар на Алијансата, мора да ги пренесува ставовите на земјите-членки на НАТО, а оти Македонија како кандидат се уште не е на истата маса за да ги спротивставиме сите аргументи што ги даваат земјите-членки во наше отсуство.

stoltenberg_6„Знаеме дека многу земји-членки на НАТО, што не се пријателски расположени кон Македонија, создаваат многу погрешна претстава и сосема погрешни впечатоци кај другите НАТО-членки, без да се има предвид реалноста која постои и колку се обидуваме да ја менуваме истата во позитивна смисла", истакна претседателот Иванов.

Претседателот Иванов изјави дека на средбата не станало збор за зголемување на бројот на македонските војници во мисиите на НАТО ширум светот, бидејќи тоа е на ниво на министри и за тоа разговараат македонските министри со Алијансата.
„Македонија, досега тоа што го имаше и го оствари и завршува мисијата во Авганистан и сега Алијансата се префрлува на нов начин на активности во Авганистан", изјави претседателот Иванов.

Со оваа средба со генералниот секретар на НАТО, претседателот Ѓорге Иванов ја заврши дводневната работна посета на Брисел во рамки на која во текот на вчерашниот ден се сретна со првиот потпретседател на Европската комисија, Фрнас Тимерманс, со кого главна тема беше бегалската криза и помошта што Македонија ја очекува од Европската унија за справување со истата.
STOLTENBERG_4 

rotatorbrdo
Претседателот Иванов на Процесот „Брдо-Бриони“: брза интеграција и зголемена безбедносна соработка се клуч за сигурноста на регионот
Среда, 25 Ноември 2015

brdoПоголема безбедносна соработка во регионот и размена на чуствителни податоци и брза интеграција на сите земји е неопходна за да се зголеми сигурноста, порача претседателлот Ѓорге Иванов на вонредниот самит на Процесот Брдо – Бриони што денеска се одржа во Загреб.

Самитот, како што посочи Претседателот е вонреден бидејќи се отворија прашања поврзани со мигрантската криза и бегалците.

„Овие прашања го оптоваруваат целиот наш регион и цела Европа. Безбедносните прашања не се поттикнати само од настаните во Париз, туку на многу места на планетава се случуваат агресивни чинови кои се израз на одредени терористички акти. Во нашиот регион и покрај сета соработка што досега ја имаме и стекнатата доверба особенно преку Брдо - Бриони процесот, сепак во сферата на безбедноста отсуствува соработка, размена на податоци и доверба за да се разменат чуствителни податоци од сферата на безбедноста, изјави македонскиот претседател.

Тој истакна дека од регионот има повеќе од илјада борци на боиштата во Сирија и Ирак, а 60 отсто од нив се веќе вратени во регионот, а тоа, како што посочи, е состојба која загрижува.

„ Затоа е неопходна соработка меѓу безбедносните служби и да се разменуваат чуствителни податоци за да не се случат слични настани и во нашиот регион какви што имаше во Париз", рече претседателот Иванов.

Македонскиот претседател потенцираше дека и бројот на бегалците наместо да се намалува како што доаѓа зимата се зголемува.

„На македонско-грчката граница сега имаме илјадници луѓе од Мароко, Јемен, Северна Африка, Бангладеш, Пакистан,... Коридорот што беше отворен од бегалците од Сирија и Ирак сега го користат економски мигранти за да патуваат кон Европа. Сите земји се соочуваат со големи издатоци да им ги покријат хуманитарните потреби зашто им треба храна, вода и медицинска помош.

Македонија веќе се ближи до 10 милини евра потрошени во овој период, а помош нема од никаде освен одредени симболични суми што ги добиваат нашите хуманитарни организации од други слични организации, истакна претседателот Иванов.

Тоа, според него, укажува дека треба да се преземат мерки зашто земјите како Шведска преземаат мерки, а и Германија планира да направи исто, за што е свикан и Самитот меѓу ЕУ и Турција од каде доаѓаат најголем дел од бегалците и мигрантите.

За пораките упатени на самитот во Загреб за што побрза интергација на земјите од Југоисточна Европа во ЕУ и НАТО, претседателот Иванов рече дека на претседателот на Советот на Европа Доналд Туск, кој веќе беше во Македонија, му укажале што не е сторено од неговиот претходник.

„Најголема е одговорноста на Европскиот совет бидејќи таму се блокирани евроинтеграциите во случајот на Македонија. Сите земји од регионот напредуваат, а Македонија поради отвореното прашање што го има со Грција стои во место. Затоа и на средбата што ја имавме во Скопје и сега укажавме доколку ние ги завршиме нашите обврски и ако се заврши како што е планирано со постигнатиот политички договор за време на кризата и ако изборите поминат во најдобар ред, тогаш е неопходно да се промени статус-кво состојбата со македонските интеграции и конечно Македонија да го добие тоа што и припаѓа", потенцира ше македонскиот претседател.

brdo1Во заклучоците на Самитот е истакнато дека е неопходен редовен дијалог на оперативно ниво меѓу САД, Европската унија и земјите од Југоисточна Европа со цел да се спротивставиме на глобалните безбедносни закани.

Актуелната драматична криза со мигрантите претставува предизвик без преседан како од хуманитарен, така и од безбедносен аспект кој бара дијалог и согласност за подобро да се заштитат надворешните граници на ЕУ и значително да се олесни притисокот на бегалците врз погодените држави, оценија учесниците на самитот и порачаа дека проширувањето не треба да се гледа како технички, туку како политички процес.

Во заклучоците од самитот се посочува дека на отворените блатерални и регионални прашања треба да им се пристапи конструктивно и во согласност со меѓународното право и принципи.

„Денес ние лидерите на процесот Брдо Бриони ја обновуваме нашата посветеност кон градењето доверба, развојот на билатерален и регионален дијалог и кон помагањето едни на други во согласност со процесот на европски и евроатлански интеграции, како и кон промовирањето на натамошна соработка и помирување", порачаа лидерите-учесници на самитот.

Се обврзуваме, нагласија, да ја подобриме економската соработка и поврзаност преку регионални инфраструктурни проекти со посветување на особено внимание на енергетската сигурност.

„Фокусот ќе биде насочен кон гарантирање на просперитетот на младите генерации со мобилни програми и можности за работа. Треба да се истакне синергијата на процесот Брдо Бриони со Берлинскиот процес и во тој контекст го поздравуваме исходот од самитот во Виена", укажуваат учесниците на самитот.
Воедно, тие искажаа згрозеност од бруталноста на терористичкиот напад во Париз и од терористичките напади во Анкара, Синај, Бејрут и Бамако и повикаа на ефективни и ефикасни глобални решенија за борба за разрешување на корените на радикализмот, насилниот екстремизам и тероризмот. За тоа, како што порачаа, е неопходна широка меѓународна соработка и подобро координирање и размена на информации меѓу безбедносните агенции.

brdo2

TIMERMANS_1
Претседателот Иванов побара од Тимерманс неодложна помош за справување со бегалската и мигрантската криза
Понеделник, 23 Ноември 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во Брисел оствари средба со г. Франс Тимерманс, прв потпретседател на Европската комисија.

Во фокусот на разговорите со потпретседателот Тимерманс беа предизвиците со кои се соочува земјата поради мигрантската и бегалската криза, како и актуелната безбедносна состојба на европскиот контитент.

Претседателот Иванов информираше дека од почетокот на кризата земјата се потпира на сопствени ресурси, додека помошта од Европската унија изостанува. Во таа насока побара неодложна техничка и финансиска помош за земјата.

Македонија ги сноси последиците од „нефункционален механизам на Унијата" и неспроведување на регистрација во земја членка на Унијата. Репубика Македонија ги почитува сите меѓународни обврски во третманот на мигрантите, обрнувајќи сериозно внимание на хуманитарниот аспект и покрај преоптоварените капацитети", посочи претседателот Иванов на средбата.

Клучно е враќањето на контролата врз надворешните граници на ЕУ. Потребна е заедничка стратегија на ЕУ и координирана меѓународна акција за решавање на проблемот, рече претседателот Иванов на средбата со потпретседателот на ЕК, г. Тимерманс.

‎Потпретседателот на ЕК, Тимерманс истакна дека има разбирање за предизвиците со кои се соочува земјата во справување со бегалската и мигрантската криза и потенцираше дека ќе се заложи за што е можно побрзо обезбедување на помошта и поддршката од ЕУ. Двајцата соговорници се согласија дека сега е време за акција.

Претседателот Иванов порача дека е крајно време Република Македонија да ги продолжи интегративните процеси.
Во однос на последниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија, претседателот Иванов истакна дека очекува сите општествени и политички фактори во земјата максимално да се посветат на надминување на забелешките од извештајот и изрази очекување дека по изборите Република Македонија конечно ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ. „Нам ни е неопходна трансформирачката моќ на пристапниот процес", рече претседателот Иванов на средбата.
TIMERMANS_2 

Epilepsija_01
Едукативен настан за подигање на свеста за епилепсија
Недела, 22 Ноември 2015
 
Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај
Страница 61 од 198