Новости
forum0
Иванов: Европските општества ги очекува мултиетничка, мултирелигиска и мултијазична иднина
Четврток, 10 Септември 2015

Во рамки на посетата на Република Полска и учеството на 25. Економски форум, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Нови Саџ се обрати на Форумот за млади лидери на сесијата насловена: „Лидери на утрешнината – Какви лидери и се потребни на Европа во 21от век?".

Говорејќи за предизвиците со кои се соочуваат лидерите на новото време во Европа, претседателот Иванов констатираше дека живееме во свет кој многу брзо се менува и во кој многу знаења брзо застаруваат. Поради тоа, рече претседателот Иванов, потребни се решенија кои излегуваат од познатите шаблони.

Македонскиот претседател изрази очекување дека членството во Европската унија ќе влијае за европеизација на балканското лидерство.

Истовремено, претседателот Иванов рече дека верува во Европа обединета не во униформноста, туку во почитување и прифаќање на различноста. „Европските општества ги очекува мултиетничка, мултирелигиска и мултијазична иднина", истакна македонскиот претседател.

forum1Пред учесниците на форумот, претседателот Иванов ја претстави Меѓународната Школа за млади лидери, што по негова лична инцијатива веќе шест години по ред се одржува во Охрид.

Претседателот Иванов изрази задоволство за учеството на Форумот од страна на младите претставници од Република Македонија, и упати честититки до претставниците на старт-ап компанијата „Hitlancer.com – фриленс платформа", кои учествуваат на сегментот „Get Inspired Fest", со цел претставување на нивната компанија, како и прибирање на дополнителни финансиски средства и вмрежување со останати слични компании.

Со учеството на форумот за млади лидери, претседателот Иванов ја заокружи дводневната работна посета на Република Полска, каде што учествуваше на 25. Економски форум во градот Криница Здруј и имаше обраќање на сесијата „Кон флексибилна Европа – Стратегии за иднината", заедно со претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда и претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ. Исто така, претседателот Иванов оствари билатерална средба со полскиот претседател Дуда.

forum2

izjava
Иванов: Очекуваме напуштање на статус-кво состојбата во однос на членството во НАТО - учество на 25. Економски форум во Полска
Среда, 09 Септември 2015

Очекуваме на претстојниот Самит на НАТО во Полска во 2016 година Република Македонија да ја напушти статус-кво состојбата во однос на нејзиното членство во Алијансата, изјави претседателот Ѓорге Иванов, кој во изминатите два дена учествуваше на 25. Економски форум во Полска.

Претседателот Иванов на маргините на Форумот имаше средба со новоизбраниот полски претседател Анджеј Дуда, на која главен акцент беше ставен на претстојниот НАТО самит и што може Република Полска да направи во поглед на членството на Република Македонија во НАТО.

„Очекуваме на НАТО самитот да се напушти статус кво состојбата што ја имаме во поглед на нашето интегрирање во НАТО, бидејќи сите наши обврски што ги имавме се исполнети, завршен е и 16-от МАП (Акциски план за членство) и почнуваме со 17 Акциски план", изјави претседателот Иванов.

Во контекст на тоа додаде дека Армијата на Република Македонија е најпроверувана и ги исполнува условите да биде дел од НАТО.

„Го потенцирав целиот наш придонес што го даваме со учеството во сите мировни мисии. Така да очекуваме не само ние, туку и граѓаните на Република Македонија очекуваат да се напушти статус кво состобата во однос на нашето членство во НАТО", истакна претседателот Иванов.

sredba_prm_-prpМакедонскиот претседател очекува Полска со сето она што го покажала досега и сета поддршка што ја има кон Македонија да ја потврди и на овој Самит.

Двајцата соговорници на средбата разговараа и за соработката и во другите области.

„Иако е Дуда е нов претседател го продолжува она што сме го имале досега како соработка со претходните претседатели кои секојпат имале симпати и поддршка кон Македонија и секојпат биле вистински пријатели и во нашите ЕУи НАТО интеграцијата", претседателот рече Иванов.

Тој додаде дека на средбата со полскиот претседател се осврнале и на соработката во сферата на одбраната, културата,образованието, и како што најави во најскоро време се очекува да се оствари и официјална средба на која ќе има и конкретни активности.

По повод Денот на независноста на Република Македонија синоќа во Криница Здруј беше организирана Македонска вечер, што ја отвори претседателот Иванов и на која беа презентирани можностите за инвестирање во државата.

Министерот без ресор Фуркан Чако, кој е во состав на македонската делегација пред полските бизнисмени на Македонската вечер ги презентираше поволностите и можностите за инвестирање во Македонија.

„Потенцијалните инвеститори од Полска најзаинтересирани беа за автомобилскиот сектор, за туризмот и земјоделието, со посебен интерес за субвенциите кои ги нуди Владата, како и за слободните економски зони", рече министерот Чако.
prezntacija5

pl-rotator
Иванов: ЕУ на Балканот е се уште идеја со огромна транформирачка моќ
Среда, 09 Септември 2015

ZDRUJ_POLSKA_01Европската идеја покрај се што се случува на Балканот е се уште идеја со огромна трансформирачка моќ. Не постои друга идеја на Балканот која може да ги принуди балканските земји доброволно да се менуваат, истакна денеска претседателот Ѓорге Иванов на 25. Европски форум во Криница Здруј, Република Полска, на сесијата на тема „Кон флексибилна Европа: Стратегии за иднината".

Во услови на криза, како што рече претседателот Иванов, Европската унија не функционира затоа што не може да носи одлуки. - Во криза кога не можете да носите одлуки, тогаш кризата се зголемува и се предизвикуваат многу штети, додаде претседателот Иванов.

- Ние како и другите земји на Балканот ја сакаме Европа, не во овој момент да стигнеме до неа, туку да патуваме кон неа. Повеќе ни е поважен патот кон неа, отколку самото членство во неа, затоа што сите европски стандарди и принципи се усвојуваат кога почнуваат преговорите. Поглавје по поглавје како земја се европеизирате. Тоа ни треба на сите балкански земји да се европеизираме, да имаме европски стандарди, критериуми и принципи, рече претседателот Иванов.

Покажавме, истакна македонскиот претседател, дека и во услови на најголема економска криза Македонија може да се справи економски, дури бевме и единствена земја која има највисок економски раст за време на економската криза.

Една од темите на сесијата, на која учествуваа и полскиот претседател Анджеј Дуда и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ беше и мигрантската криза. Говорејќи на оваа тема, претседателот Иванов посочи дека администрацијата и полицијата во Македонија секој месец троши над милион евра за да обезбеди вода, храна и заштита на мигрантите, и додаде дека од ЕУ досега имаме добиено 90 илјади евра.

Според претседателот Иванов, поучна за овој период е мислата на Бенџамин Френклин кој кажал „Ќе се држиме заедно или ќе висиме одделно". - Тоа се случува сега себичноста создава сосема поинаква претстава за другиот, како и сосема поинакви претстави и за исламот и за бегалците и за мигрантите, истакна претседателот Иванов.ZDRUJ_POLSKA_1

Како луѓе кои живееме на континентот Европа, нагласи претседателот Иванов, треба да знаеме дека најголемата потврда дека ЕУ ја заслужи Нобеловата награда за мир се токму бегалците. – Секој од нив вели дека доаѓа во Европа токму поради мир, нагласи македонскиот претседател.

Претседателите на Полска и Хрватска на панелот меѓу другото истакнаа дека мора да продолжи проширувањето на ЕУ, затоа што тоа според нив, ќе ја зајакне Европа на економско ниво.

Претседателот Иванов , во рамки на средбата, ќе има билатерална средба со полскиот колега Анджеј Дуда, на која се очекува да се отворат теми за билатералните односи меѓу двете земји, за соработката во сферата на одбраната и безбедноста, за економската и образовната соработка, како и за претстојниот Самит на НАТО во 2016 година во Полска, во контекст на можностите за деблокирање на членството на Македонија, како и за состојбите во ЈИЕ и мигрантската криза.

По повод Денот на независноста на Република Македонија во Криница Здруј ќе биде организирана Македонска вечер на која ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во Македонија.
Шефот на македонската држава утре ќе учествува на Форумот на млади лидери на сесијата „Лидери на утрешнината - Какви лидери и се потребни на Европа во 21 век".

Во фокусот на годинешниот економски форум е економската и политичката ситуација во Европа и во светот, енергетската безбедност и иновациите.

Економскиот форум, кој оваа година се одржува 25. пат, претставува најголема и најреномирана конференција во Централна и Источна Европа со фокус на економијата и политиката во овој дел од континентот. Целта на оваа иницијатива е да се создаде поволна клима за разој на политичката и економската соработка во Европа.ZDRUJ_POLSKA_2

manaki
Средба со Димитар Николов, директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки"
Понеделник, 07 Септември 2015
karatisti
Прием за членовите на македонската карате репрезентација
Четврток, 03 Септември 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска ги прими членовите на македонската карате репрезентација, Мартин Несторовски и Емил Павлов кои учествуваа на неодамнешните први Европски олимписки игри одржани во Баку, Азербејџан.

Повод за приемот на делегацијата на Карате федерацијата на Македонија е остварениот успех на македонските репрезентативци кои освоија два бронзени медали на игрите каде што спортистите се натпреваруваа во вкупно 20 спорта и 18 различни дисциплини.

Македонскиот карате репрезентативец Мартин Несторовски го освои бронзениот медал во дисциплината „кумите" +84 килограми, додека Емил Павлов го освои бронзениот медал во дисципината "кумите" +60 килограми.

Претседателот Иванов на средбата им го честиташе овој голем успех на македонските каратисти посакувајќи им и натаму да продолжат со остварување нови спортски достигнувања и достојно да ја промовираат Република Македонија во светот.

„Вашите успеси претставуваат позитивни примери и другите млади луѓе да спортуваат и да ги следат вашите достигнувања. Вие на најдобар можен начин ја претставувате Македонија на големите спортски натпреварувања. Спортските успеси нè прават горди, и затоа инвестициите во спортот треба да продолжат и во иднина, со уште поголем интензитет", истакна претседателот Иванов на средбата, додавајќи дека каратето како спорт и вештина, бара голема физичка, но и психичка подготвеност и е израз на изграден и цврст карактер.

Членовите на македонската карате репрезентација заедно со селекторот Петар Белистојановски се заблагорадија за приемот и го информираа претседателот Иванов за настапот на олимписки игри од ваков карактер, како и за плановите во иднина и учеството во големите интернационални натпреварувања кои следат, изразувајќи цврсто уверување и понатаму да постигнуваат врвни резултати.
karatisti1

stojanovski
Република Македонија се гордее со спортските резултати на лицата со инвалидност
Четврток, 03 Септември 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го прими македонскиот спортист Андреј Стојановски, кој освои сребрен медал на Светското првенство во пливање за глуви во Сан Антонио, Соединетите Американски Држави.

Претседателот Иванов изрази искрени честитки до Стојановски за остварениот врвен резултат, како и за сите негови досегашни успеси во домашни и меѓународни рамки, со кои не само што се афирмираат спортските вредности, туку се мотивираат и сите останати млади лица со инвалидност да вложуваат во себе и во спортот.

Вашиот подвиг е доказ дека со упорност и желба секој може да постигне успех, рече претседателот Иванов, додавајќи дека резултатот на Стојановски заслужува големо внимание и почит. Претседателот Иванов му посака на младиот спортист уште многу вакви достигнувања кои што истовремено придонесуваат и за меѓународната афирмација на Република Македонија. Македонскиот претседател истакна дека Република Македонија неизмерно се гордее и секогаш ќе ги поддржува спортските активности на лицата со инвалидитет.

Ваквите позитивни и светли примери се дополнителен мотив сите заедно уште посилно да се залагаме за унапредување на правата, потребите и положбата на лицата со инвалидност, истакна претседателот Иванов, и воедно апелираше грижата за нив да биде континуирана и системска, како од државата, така и од општеството во целост.

Стојановски се заблагодари за средбата и го информираше претседателот Иванов за неговите досегашни успеси во пливање, како и за предизвиците и плановите во иднина. Воедно, Стојановски се заблагодари за поддршката од македонските институции.

Андреј Стојановски го освои сребрениот медал во дисциплината на 1.500 метри слободен стил на Светското првенство во пливање за глуви во Сан Антонио, САД, кое се одржа од 17-22.08.2015 година. На ова Светско првенство учествуваа вкупно 22 држави. Резултатот на Стојановски е најдобро постигнат резултат во пливање на спортисти со инвалидитет во Република Македонија.

 
Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70 Следно > Крај
Страница 68 од 198