Едукативен настан за подигање на свеста за епилепсија
Недела, 22 Ноември 2015   

По повод „Ноември – месец за подигање на свеста за епилепсија", денеска во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје, се одржа едукативен промотивен настан во организација на Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија – „Епилепсија Македонија". На настанот под наслов: „Инспирација, свест, поддршка, единство, надеж и сила", се одржа предавање на тема „Епилепсија" од страна на д-р Методиј Чепреганов, кој што ја промовира и неговата книга „Епилепсија, да се живее со неа" како и едукативно предавање на фитотерапевтот Драган Јованов. За време на промотивниот настан беше отворена и изложба на уметнички дела од лица со епилепсија.
Epilepsija_01


  Back<<Назад