Новости
arh23122015
Претседателот Иванов ја додели Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2015 година
Среда, 23 Декември 2015

Објектот куќа на Водно на проектантите Сергеј Никољски и Иван Мирковски од проектантската куќа Никољски/Смарт ливинг е најуспешно реализирано архитектонско дело во 2015 година.

Наградата, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, ја врачи Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата.

„Како Претседател на Република Македонија веќе седма година ја имам честа да бидам покровител на доделувањето на Големата годишна награда за архитектура. И секојпат сум охрабрен од изборот на комисијата, која се соочува со тешка задача – да го избере најдоброто меѓу најдобрите современи архитектонски постигнувања. Причината за тој физички процут на геометријата е во креативноста на македонските архитекти. Креативност што е втемелена врз вековното чувство за слобода на народот на Македонија, кој наместо да расте во просторна ширoчина, растел во духовна и креативна височина. Сведоштво за тоа ни даваат македонските неимари кои оставија не само физички белег на тој духовен раст, туку и завет да се надградува над нивните добро поставени темели. Затоа, македонската архитектура е дел од нашето културно наследство, национално богатство и идентитет кој треба да се негува и да се надградува", рече претседателот Иванов на доделувањето на наградата, што се одржа во Музејот на Град Скопје.

1brisel
Средба со г. Доналд Туск, претседател на Европскиот Совет и г. Томислав Николиќ, претседател на Република Србија, во Брисел
Среда, 16 Декември 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на заедничката средба со г. Доналд Туск, претседател на Европскиот Совет, г. Томислав Николиќ, претседател на Република Србија, а на која присуствуваше и г. Јоханес Хан, еврокомесар за проширување, повторил дека Република Македонија има капацитет на својата територија привремено да прими само 2.000 лица од бегалците и тоа само при нивниот транзит.

Денешната средба е иницирана од претседателот Иванов, а со цел менаџирање на мигрантската и бегалската криза, бидејќи Македонија и Србија се транзитни држави што не се членки на Унијата и не учествуваат во процесот на носење одлуки и управувањето со кризниот менаџмент во рамки на ЕУ.

„Ние остануваме на бројот што беше пријавен за време на лидерската средба во октомври овде во Брисел. Како земја со два милиони жители, ние имаме капацитет од две илјади лица, но само кои транзитираат. Немаме капацитети да задржуваме лица, бидејќи нашата територија е куса, само 160 киолометри и нема потреба кај нас да се отвораат капацитети каде овие лица би биле згрижени доколку коридорот се затвори", посочи претседателот Иванов по средбата.

„Но, нашите капацитети, повторувам не се за згрижување на лица, туку само за обезбедување на привремен престој при транзитирање низ територија на Македонија", вели претседателот Иванов.

2brisel„Пред се имаме голем напив на фалсификувани документи. Има луѓе со лажни идентитети што се обидуваат статусот бегалец да го добијат со замена, користејќи таков идентитет. Тешко е проверливо од каде доаѓаат тие луѓе, бидејќи има само изјава и не можеме да им земеме биометриски податоци. Затоа, направивме дистинкција на средбата за хуманитарниот аспект на кризата, за што дават средства и ЕУ и меѓународните организации и овие средства одат за хуманитарните, невладини организации како "Црвениот крст", но безбедносниот аспект останува на нас државите што сме на коридорот, нашите најголеми трошоци се на овој аспект од кризата, бидејќи полицијата мора да ги проверува документите на лицата, а на оние што немаат документи да им зема биометриски податоци, а таква опрема немаме. Инсистиравме, и покрај тоа што досега самите се снаоѓаме, во поглед на безбедносниот аспект на кризата, Европскиот совет да го отвори и тоа прашање и да ни излезе пресрет на земјите што не сме членки на ЕУ, а сме на коридорот, како Македонија и Србија во однос на овие нови состојби", потенцира претседателот Иванов.

Македонскиот претседател вели дека се надева дека доколку се постават безбедносни контроли, тогаш сите оние што сега користат фалсификувани документи и лажни идентитети, дека нивниот број ќе се намали.

znamee
Церемонија на свечено менување на државното знаме
Петок, 11 Декември 2015
den_na_drvo
Одбележување на 3.Декември - Меѓународниот ден на лицата со хендикеп и Денот на дрвото
Среда, 02 Декември 2015
PRM_ROTATOR_OBAMA
Иванов: Македонија успешно се справува со предизвикот од мигрантската и бегалската криза
Вторник, 01 Декември 2015

PRM_IZJAVA_PARIZMакедонија добива комплименти за начинот на справување со мигрантската и бегалската криза и ние сме една од ретките земји кои успешно се справуваат со овој предизвик, изјави претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов по остварените средби со повеќе учесници на 21. Самит за климатски промени во Париз.

„Нашиот кризен менаџмент е активиран, имаме прогласено кризна состојба и постапуваме согласно нашиот закон за се што е предвидено од тој аспект. Македонија добива комплименти, бидејќи за разлика од некои други држави кои беа изненадени и не се снајдоа најдобро, Македонија од самиот почеток на кризата прави се за да нема никакви последици по безбедноста на нашето население", потенцира претседателот Иванов.

Во разговорите со светските лидери на Самитот се зборувало за македонската евроатлантска интеграција, за состојбите во регионот, како и за предизвиците со мигрантската и бегалската криза.

PRM_I_MERKEL„Со претседателот Обама зборував за нашата евроатлантска интеграција", рече претседателот Иванов. Додаде дека Македонија го почнува 17-тиот акциски план за членство во НАТО а, како што рече, стоиме во место и имаме статус-кво состојба во нашата интеграција.

„Со Ангела Меркел имавме подолг разговор, кој се однесуваше на проблемот што не засега сите во нашиот регион, и кој станува се повеќе глобален проблем. Проблемот со бегалците и мигрантите", изјави македонскиот претседател.

Говорејќи за средбата со канцеларката Меркел, претседателот Иванов истакна дека Република Македонија има проблеми односно предизвици кои доаѓаат од територија на Европска унија и од членка на НАТО.

Разговаравме отворено со госпоѓата Меркел за тоа што се се подготвува во врска со бегалската криза. Таа информираше за самитот што се одржа меѓу Европската унија и Турција, што е планирано, кои мерки ќе се превземат краткорочно, кои долгорочно, како и за тоа кои се нивните очекувања. Процесите што се почнати со бегалската криза доведоа до тоа што, сега коридорите на бегалците ги користат мигрантите од Африка и од Азија и затоа мора да се превземат мерки како што и ние превземавме. Со цел, истакна претседателот Иванов, да се разликуваат тие што бегаат од боиштата, пред се луѓето од Сирија, Ирак и Авганистан, од оние кои се економски мигранти.

PRM_I_CIPRASНа средбата со грчкиот премиер која поминала во конструктивна атмосфера, претседателот Иванов и премиерот Ципрас зборуваа за проблемот со бегалците и мигрантите кој претставува продолжение на разговорот што неодамна двајцата го имале во Брисел на лидерскиот состанок посветен на приливот на бегалците низ Балканската рута.

„Она што побарав од грчкиот премиер во Брисел и сега, е институциите да соработуваат и да разменуваат податоци бидејќи тоа е во интерес пред се на нашите држави, на нашите народи, но и на регионот. Голем дел од странските борци кои се на боиштата во Сирија и Ирак сега како бегалци и мигранти се пробиваат низ Европа, и ја загрозуваат безбедноста на самата Европа. Затоа е неопходна соработка на службите, не само меѓу нас и Грција, туку долж целиот коридор и самата Европска Унија, затоа што размената на податоци од безбедносен карактер отсуствува и во самата Унија", рече македонскиот претседател, додавајќи дека со премиерот Ципрас разговарале и за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција, како и за неопходноста од нивната имплементација.

„Мора да посветиме многу повеќе внимание на имплементирање на мерките за градење доверба, кои треба да поттикнат повеќе соработка во областите кои не можат да трпат поради проблемот со името. Тука се пред се нашата академска и бизнис заедница, како и комуникацијата меѓу населението", изјави претседателот Иванов, и нагласи дека сето она што како позитивен пример е досега покажано, мора да се поттикнува и што повеќе развива.

За Самитот на климатски промени во Париз, македонскиот претседател рече дека бил одлична можност да се слушнат пораките од многу светски лидери и нивната загриженост за сето она што се случува со нашата планета. Според него климатските промени предизвикуваат такви последици кои не почитуваат државни граници и не ги почитуваат поделбите што се направени од луѓето и од државите.

„Доминира свеста дека сме моќни како цивилизација за еден предизвик, на кој мораме заеднички да наоѓаме одговор. На минатите самити имавме многу декларативен однос кон овие прашање. Сега, конкретно во овој момент е потребно нешто што веќе е најавено. Конкретни иницијативи чија цел е глобалното затоплување да не биде поголемо од 2°Ц, бидејќи последиците за човековата цивилизација се катастрофални", рече претседателот Иванов.
PRM_I_PUTIN

PRM_I_MERKEL
Иванов-Меркел:Македонија и Германија да разменуваат информации во однос на мигрантската и бегалската криза
Понеделник, 30 Ноември 2015

На маргините на Самитот за климатски промени СОР21 што се одржува денес во Париз, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов оствари средба со германската канцеларка г-ѓа Ангела Меркел.

Соговорниците размениja мислења за актуелната мигрантска криза, безбедносните предизвици и состоjбата со европската интеграциjа на Република Македониja.
Канцеларката Меркел го информираше претседателот Иванов за исходот од вчерашниот самит ЕУ-Турциja. Претседателот Иванов ja запозна канцеларката Меркел со мерките што Република Македониja ги превзема за справување со бегалската и мигрантската криза и посебно укажа на фактот што се уште нема ништо од ветената европска помош за македонските институции. Воедно, претседателот Иванов истакна дека Македониja инсистира на присуство на мисиjaта на Фронтекс на jужната граница, а обрна внимание и на недостатокот од директна комуникациja меѓу македонските и грчките институции, на секое потребно ниво.

Претседателот Иванов нагласи дека е неопходно Република Македониja конечно да започне со преговори и потенцираше дека бегалската криза jacно укажува дека земjите од Западниот Балкан требаше одамна целосно да бидат интегрирани во ЕУ.

Беше заклучено дека Македониja и Германиja имаат исти интереси во однос на мигрантската и бегалската криза, како и тоа дека и натаму треба да продолжи и да се продлабочи интензивната комуникациja и размена на информации мегу двете земjи, особено во однос на актуелната мигрантска криза.

 
Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај
Страница 60 од 198