Новости
prm_rakometari
Посета на македонските ракометари пред Европското првенство во Полска
Вторник, 12 Јануари 2016

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во салата „Јане Сандански", ја посети Македонската машка ракометна репрезентација која ќе настапи на Европското првенство во ракомет, што од 15 до 31 јануари 2016 ќе се одржи во Полска.

Претседателот Иванов на македонските репрезентативци им посака многу успех и спортска среќа, како и достојно претставување на нашата држава за време ракометното првенство. Тој им порача дека цела Македонија како и секогаш, сплотено ќе навива и со нетрпение ќе ги очекува натпреварите на нашата репрезентација.

Во знак на континуирана поддршка, македонскиот претседател им подари државно знаме, а репрезентативците му возвратија со дрес на ракометната репрезентација. Тие се заблагодарија за присуството на претседателот Иванов, и ветија добра игра како и храбро и достојно бранење на боите на националниот дрес.

Македонската репрезентација денеска го одржа последен тренинг пред нивното утрешно заминување во Краков, Полска, каде што од петок ги почнуваат натпреварите од групната фаза на Европското првенство во ракомет.
prm_rakometari_1

3
Божикна литургија во Соборниот храм во Скопје
Четврток, 07 Јануари 2016

Претседателот Иванов заедно со сопругата, г-ѓа Маја Иванова, денеска присуствуваа на централното одбележување на Рождеството Христово - Божик во Соборниот храм „Св. Климент Охридски", во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан чиноначалствуваше Архиерејска Златоустова литургија.

„На сите верници кои денеска го слават Рождеството Христово - Божик им го честитам овој голем христијански празник со традиционалниот поздрав „Христос се роди- Навистина се роди". Сето она што го посакувам за себе и за своето семејство им го посакувам и на сите граѓани на Република Македонија - многу радост, многу среќа, многу љубов. Празниците се момент за потсетување и поука, да нѐ поучат дека сите искушенија може да ги совладаме со добри мисли, добри зборови и добри дела, да бидеме добри родители, добри соседи и добри граѓани на Република Македонија, да си простуваме и да се почитуваме и така да ја воздигнуваме и Македонија и македонскиот народ", истакна претседателот Иванов.

На бадниковата вечер, паричката се падна кај сопругата на претседателот Иванов, г-ѓа Маја Иванова.

badnik1
Бадник во домот на претседателот Иванов
Среда, 06 Јануари 2016

Претставници на Специјална олимпијада Македонија денеска беа на бадникова трпеза со семејството на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во нивниот дом во резиденцијата „Македонија".

Дванаесет олимпијци беа пречекани од претседателот Иванов, неговата сопруга г-ѓа Маја и синот Иван, кои на гостите им посакаа и идни спортски успеси, какви што постигнаа на Летните игри на Специјалната олимпијада во Лос Анџелес во август минатата година. Тие по враќањето од САД имаа средба со претседателот Иванов во Охрид.

„Тогаш ви ветивме дека за Бадник и Божик ќе бидете гости во нашиот дом. Ви посакувам добредојде од целото мое семејство, од сопругот и од синот Иван. Во претходната година навистина не направивте многу горди, освојувајќи ги медалите на Олимпијадата. Веруваме дека така ќе биде и во иднина. Ви посакуваме од се срце многу здравје, многу среќа и многу успеси. Македонија беше горда на вас и така нека биде и понатаму", им рече г-ѓа Маја Иванова на олимпијците на кои, според обичајот, им подели и бадникови лепчиња.

Лепчето со паричка му се падна на кошаркарот Мирослав Георгиевски, кому претседателот Иванов му подари и златник, како што рече, за спомен на денешниот настан, посакувајќи му успешни резултати во спортот и во иднина.

Ана Петровска, национален директор на Специјална олимпијада Македонија, за медиумите изјави дека денешната посета е на покана на претседателот Иванов кој тоа им го ветил летово по нивното враќање со голем успех од Летните олимписки игри во Лос Анџелес, кои се одржаа од 25 јули до 2 август 2015.

„Тоа беше најуспешна година на Специјална олимпијада Македонија. Се вративме со 12 медали од 14 атлети. Се надевам дека ова е само почеток за уште една успешна година која им претстои на нашите атлети", рече Петровска.

По повод утрешниот голем христијански празник Божиќ, денеска наутро гости во резиденцијата на семејството Иванови беа и членови на иницијативното движење за возобновување на Божиќната литија и деца православни верници.

Носејќи ја Витлеемската пештера и пеејќи ја божикната песна „Вечен е Бог", децата го најавија Христовото раѓање. Семејството Иванови ги даруваа децата со традиционални коледарски пакетчиња.

badnik2

___1
Посета на припадниците на АРМ распоредени на јужната граница
Петок, 01 Јануари 2016

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов во придружба на министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ Методија Величковски на првиот ден од Новата година ги посети припадниците на АРМ кои се распоредени на јужната граница за да и помогнат на граничната полиција во справувањето со предизвиците што доаѓаат со мигрантската криза.

За време на посетата, претседателот Иванов имаше заеднички ручек со припадниците на АРМ на кои им ја честиташе Новата година и им посака многу успех, а на Генералштабот да продолжи со реформите и како и досега да биде институција со најголема доверба меѓу граѓаните.

„Се уверив во професионалноста на нашата Армија и во нивната можност да се справат со сите предизвици. Бев информиран за сето она што е преземено во заедничката мисија со полицијата во изминатиот период и дека се спречени многу илегални преминувања на економските мигранти кои не може да влезат во земјава. Добро е што веќе е формиран заеднички Оперативен штаб во Гевгелија каде сите субјекти вклучени во справување со мигранската криза можат да ги разменуваат и споделуваат сознанијата и податоците и да се информираат меѓусебно за сето она што се случува долж јужната граница на Република Македонија" , изјави претседателот Иванов.

„Тука се и припадниците на полицијата од пријателските земји кои доаѓаат да и помогнат на нашата полиција и да се уверат на лице место каква е состојбата со мигрантите", рече претседателот Иванов

Претседателот Иванов како врховен командант на вооружените сили традиционално на првиот ден од Новата година ги посетува припадниците на Армијата.
___2

1
Средба со членовите на Здружението „Бранители – херои на Македонија“
Вторник, 29 Декември 2015
akcelerator
Претседателот Иванов го посети бизнис акцелераторот „ЊуМенс“
Четврток, 24 Декември 2015

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го посети бизнис акцелератор ЊуМенс.

Македонскиот претседател се запозна со активностите и начинот на функционирање на овој прв бизнис акцелератор во Република Македонија, којшто преку образовни наставни програми и разменување и унапредување на знаења и вештини, настојува да им помогне на младите луѓе на почетокот на нивната професионална кариера.

Студентите и компаниите вклучени во академијата, изразија задоволство од денешната посета на претседателот Иванов, и ги споделија своите лични искуства за нивната работа и делување кое се темели на развој на иновативни проекти од областа на информатичко-комуникациските технологии и креативните индустрии.

Бизнис акцелератор „ЊуМенс" работи на интеграција и вмрежување на студентите, бизнисите и инвеститорите, овозможувајќи им на младите луѓе да оформат сопствени компании. Во програмите на Акцелераторот се вклучени 120 студенти, 30 млади претприемачи, 20 стартап тимови, 15 фриленсери, 25 мали и средни компании од Македонија и од САД.

За време на посетата, претседателот Иванов ја поздрави работата на академијата, и на сите вклучени им посака многу успех во нивните идни активности и проекти, честитајќи им ги престојаните новогодишни и божиќни празници.

 
Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај
Страница 59 од 198