Новости
brisel17022016
Македонија не може да биде надворешна граница на ЕУ- претседателот Иванов во Брисел учествуваше на состанок посветен на мигрантската криза
Четврток, 18 Февруари 2016


BRISEL_SOSTANOK_1Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, на покана на претседателот на Европскиот Совет, г. Доналд Туск, учествуваше на работен состанок посветен на мигрантската криза, со кој копретседаваше претседателот на Европската Комисија, г. Жан-Клод Јункер.

На состанокот, покрај претседателот Иванов, присуствуваа и претседателот на Република Србија, г. Томислав Николиќ, претседателот на Владата на Република Хрватска, г. Тихомир Орешковиќ и претседателот на Владата на Република Словенија, г. Миро Церар, како и г-ѓа Федерика Могерини, Висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, г. Јоханес Хан, Комесар за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ и г. Берт Коендерс, министер за надворешни работи на Кралството Холандија.

Токму предлогот на Република Македонија од Самитот за бегалците на ЕУ во октомври 2015 година, сега е работна верзија на европските лидери за справување со овој проблем, што е на маса и на денешниот Самит на Европскиот совет во европската престолнина. Според македонскиот претседател, Македонија е поканувана на вакви самити и собири „затоа што има конзистентен став".

- Тоа што досега сме го изнесувале, тоа и го спроведуваме, со тоа што сите наши превземени мерки и активности се во единствениот европски план за справување со бегалската криза. Сите наши позиции што беа изнесени на Вишеградската група ги повторив синоќа на оваа средба на која беа претседателите на Европскиот совет, на Европската комисија, претседавачот со Унијата и земјите што сме долж коридорот, посочи претседателот Иванов во изјавата за медиуми по завршување на состанокот.

Според претседателот  Иванов, македонскиот став е јасен дека Македонија не може да биде надворешна граница на Европската унија.

- Не можеме ние да ги замениме сите оние мерки и активности што треба самата Унија да ги прави на својата надворешна граница. Но, во земјата спроведуваме се што е во состав на севкупното европско решение. Причината е што ова не е само предизвик за ЕУ, туку и за Европа како континент, а ние како Македонија, кои сме на европскиот континент, придонесуваме за справување со овој предизвик. Препознаена е таа наша конзистентност во ставовите, како и нашата конструктивност, па затоа со внимание беа слушани сите предлози што ги дававме, рече  претседателот Иванов.

Претседателот Иванов посочи дека неговите предлози имале можност да ги видат на дело и претставници на претседавачот со ЕУ, бидејќи министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс бил на лице место и ја видел состојбата на граничниот премин на македонско-грчката граница, т.н. кота 59, што е илегален премин и оттаму и доаѓа илегалната миграција.

Македонскиот претседател е дециден дека планот на Македонија е сите мерки и активности што се превземаат да доведат до тоа „во еден момент илегалната миграција да стане легална миграција и да дојде на легалните премини каде ќе ги помине сите контроли и мерки".


BRISEL_SOSTANOK_2- Тоа е пред се за безбедносните ризици со кои се соочува Европа во последно време, а со кои ќе се соочува и во иднина токму од предизвиците на безбедносниот карактер на кризата, бидејќи имаме многу бегалци што не ги поминале безбедносните проверки и сите оние работи што мора да ги прави секој оној што преминува на легален премин во државата, рече претседателот Иванов.

Она што е дефинитивно разјаснето на синоќешниот мини-Самит на земјите долж западно-балканската миграциска рута е забуната дека Македонија има намера да затвори легален граничен премин кон Грција, што според претседателот Иванов нема никогаш да се случи. Имено, се работи за нелегалниот премин на граничната кота 59.

- Постои неинформираност за реалната состојба, па затоа и министерот за надворешни работи на Холандија, Кундерс го подвлече синоќа тоа на состанокот. Станува збор за нелегален премин каде доаѓа илегалната миграција. Македонија никогаш не ни размислувала, ниту имала план да ги затвора своите легални премини. Затоа, настојуваме и баравме уште во октомври на тој илегален премин да се има целата опрема и се што е потребно за евидентирање и регулирање на протокот на мигранти. Токму затоа баравме и опрема за биометриски податоци, пристап до Фронтекс-базите и пристап до базите со податоци на Шенген. За да можат податоците да ги користат сите членки на Унијата, појасни претседателот Иванов.

Македонскиот претседател во изјавата за медиумите ги појасни и шпекулациите дека Македонија е под притисок да прими поголем број на бегалци, околу 10-20 илјади лица, на подолг престој во Македонија, односно да стане паркинг-место за бегалци на Балканот.

- Очигледно станува збор за неинформираност. Во октомври минатата година, Македонија го затвори тоа прашање кога секоја земја требаше да ги пријави сопствените капацитети за да згрижи бегалци. Ние кажавме дека Македонија има капацитет за само 2.000 лица што транзитно ќе може да поминат низ државата. Значи, додека транзитираат, околу 2.000 лица можеме во кус временски период да ги згрижиме. Другите земји што пријавија свои капацитети, сега се очекува од нив тоа и да го исполнат. Ние опстојуваме на нашиот став што сме го завземале во октомври и на тоа остануваме, порача претседателот Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов ја пренесе и пораката што е дискутирана и на највисоко ниво во Брисел, а тоа е дали и како актуелната политичка криза влијаела на капацитетот на Македонија во справувањето со мигрантската криза и желбата таа час поскоро да заврши со цел земјата да може со целосен капацитет да му се посвети на овој проблем што го мачи европскиот континент.

- Политичките лидери во Македонија превземаа одговорност за справување со политичката криза, ги ставија своите потписи на документот што мора тие да го реализираат. Секое одлагање влијае и на нашето справување со предизвиците што не очекуваат. Нам ни е неопходно да се почитува договорот и датумите во тој договор за да можеме да имаме Влада со чист политички мандат што мора да се справува со овие пред се безбедносни ризици. Неопходни ни се институциите да функционираат, бидејќи во меѓувреме доаѓа и менување на законите. Нашиот пример што ние го направивме врз основа на нашиот кризен менаџмент со што ја однесовме армијата на границата сега го применуваат и другите земји во Европската унија. Но, за тоа се неопходни законски измени. Ние мора да имаме конституиран парламент што ќе ги врши измените во законската регулатива  за да е прилагодуваме на предизвиците што не очекуваат, истакна претседателот Иванов.
BRISEL_SOSTANOK_3 

SOSTANOK_BRISEL
Состанок посветен на мигрантската криза во Брисел
Среда, 17 Февруари 2016
Prague
Македонија нуди помош за да и се помогне на Европа – претседателот Иванов учествуваше на вонредниот Самит на земјите од Вишеградската група
Понеделник, 15 Февруари 2016


prag01За Република Македонија е исклучително важно Европската Унија да вложи максимални напори за да обезбеди единство по прашањето со мигрантската криза и сеопфатен одговор. Македонија на состанокот врз основа на своето искуство понуди и решенија.

Ова го истакна претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по вонредниот Самит на земјите од Вишеградската група (В4) што се одржа во Прага.

- Сакаме како Македонија да бидеме дел од севкупниот безбедносен систем на европскиот континент затоа што навистина треба да се стави акцент на безбедносниот карактер на мигрантската криза, прашање кое многу беше запоставувано од страна на Европскиот совет, но сега има потреба да се справат со сите предизвици од безбедносен аспект бидејќи се забележани активности на поединци кои го користат коридорот да дојдат до одредени дестинации каде веќе преземаат активност како што видовме во минатото, посочи претседателот Иванов и додаде дека со регулирање на протокот на мигрантите, односно кога ќе може да се контролира кој влегува и кој излегува од земјата ќе се има увид во секој аспект на кризата, па и безбедносниот.

Додаде дека ситуацијата на терен се менува од час во час и дека Армијата и полицијата на Република Македонија заедно со странските полициски сили меѓу кои има и од В4 државите, со максимална посветеност делуваат со цел контрола и канализирање на движењето на мигрантите, на намалување на безбедносните ризици во подрачјата зафатени со криза.

- Од Македонија, земја-кандидат се очекува да го носи товарот што многу поголеми и економски помоќни држави-членки на Унијата не можат, не сакаат да го носат. Од Македонија, земја-кандидат, се очекува да се однесува поодговорно од земји-членки. Ние не бегаме од оваа обврска. Но, за да го носиме тој товар, бараме гаранции од Европската унија за политичка, безбедносна и економска поддршка. Бараме и очекуваме решение од Европскиот совет во кое Грција ќе има удел, немаме никаков интерес целиот товар да падне на Грција, но нема да дозволиме да се реализираат еднострани решенија што ќе бидат на наша штета, изјави претседателот Иванов.

Тој додаде дека опстојуваме на нашите барања и предлози изнесени на вонредниот Самит во Брисел од 25 октомври минатата година.

- Остануваме на нашите барања дадени уште во октомври во Европскиот совет кои се уште не се исполнети. Се уште бараме опрема за биометрски податоци, пристап до базите на Шенген и Фронтекс, Фронтекс да биде поставен на границата за сите оние што не се евидентирани во Грција да се евидентираат во Македонија и тоа да биде од корист за сите членки од Унијата, истакна претседателот Иванов.

Тој повика од ЕУ да покаже солидарност за земјите кандидати за членство како и Вишеградската група и ургентно да помогне за да може и тие да помогнат на Унијата, но и на Европа како континент.

praga02

sobotka_2
Средба со чешкиот премиер Соботка пред вонредниот самит на Вишеградската група во Прага
Понеделник, 15 Февруари 2016

Политичките и економските односи меѓу Македонија и Чешка се во континуирана нагорна линија, заклучија на средбата претседателот Ѓорге Иванов и чешкиот премиер Бохуслав Соботка на средбата во Прага што се одржа попладнево пред вонредниот самит на Вишеградската група.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења за можностите за натамошно унапредување на односите во сите области од заеднички интерес, особено за подобрување на економската соработка, поттикнување на трговската размена и соработка во делот на инвестициите.

Тема на средбата беше и евроатланската интеграција на Република Македонија при што македонскиот претседател ја истакна нашата одлучна посветеност на заложбата за почеток на пристапните преговори со ЕУ и зачленувањето во НАТО, како наш највисок стратешки приоритет.

Во однос на актуелните предизвици со бегалската и мигрантската криза претседателот Иванов го реафирмираше ставот на Република Македонија за сеопфатно европско решение, сo заеднички критериуми за редуцирање на нелегалниот наплив на мигранти, поефикасна заштита и конотрола на границите и регистрација на бегалците.

Во таа насока, македонскиот претседател посочи дека Република Македонија значително го намали нелегалниот проток на мигранти кои немаат основа да бидат баратели на азил во ЕУ, воспостави систем на контрола и регистрација и спроведување на основаните баратели на азил на хуман и безбеден начин, а во интерес на нашата земја е да имаме соработка со Грција и сите засегнати земји, да нема еднострани решенија и сите заедно да дејствуваме кон зајакната гранична заштита и безбеден и хуман третман на сите кои имаат потреба од меѓународна заштита.

Соботка, оддавајќи признание за начинот на кој Република Македонија се соочува со бегалската криза, истакна дека денешниот Самит на Вишеградската група има за цел да покаже солидарност и да им помогне на балканските земји во справување со бегалската криза.

Попладне претседателот Иванов ќе учествува на вонредниот самит на Вишеградската група. Во македонската делегација е и министерот за здравство и раководител на Управувачкиот комитет за координација со системот за управување со кризи Никола Тодоров.
sobotka_7

PRM-ZEMAN_1
Иванов - Земан: Шенген зоната е доведена во опасност, потребно e сеопфатно решение
Понеделник, 15 Февруари 2016

Бегалската и мигрантската криза, билатералните односи и соработката, како и македонските европски и евроатлантски интеграции, беа во фокусот на денешната средба на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на Чешката Република Милош Земан, во Прага каде што претседателот Иванов попладневно ќе учествува на вонредниот Самит на земјите од Вишеградската група.

Македонскиот претседател изрази благодарност за помошта од Чешка која придонесува со присуство на сили и со опрема со цел поефикасна заштита и надзор на границата, поефикасен систем на регистрација на бегалците и намалување на безбедносните ризици во подрачјето зафатено со криза.

Двајцата претседатели се согласија дека Шенген зоната е доведена во опасност, a неодговорното однесување на земји членки на Унијата во заштита на надворешните граници и неисполнувањето на договорот меѓу ЕУ и Турција може да има огромни последици за целиот Балкански регион.

„За нас е значајно да се воспостават заеднички критериуми за справување со кризата и тоа што е договорено на европско ниво да се имплементира, при што секој треба да си ги исполнува своите обврски". Европската унија, рече претседателот Иванов, ‎мора да вложи напор да обезбеди европски одговор на кризата, додека едностраните решенија, неодговорното однесување на државите членки на Унијата и неносењето одлуки во Унијата не помагаат и предизвикуваат последици со кои треба да се справуваме.

На средбата беа разменети мислења за развојот и сценаријатa за справување превенција сo мигрантската криза и политичко-безбедносениот аспект од неа. Двајцата соговорници се согласија дека е неопходно поефикасно управување и заштита границите, унапредување на соработката и размената на податоците за намалување на безбедносните ризици со кои се соочува регионот.

Во разговорите беа разменети мислења околу европските и евроатланските цели на Република Македонија, при што, претседателот Иванов укажа на суштинската важност од брзо интегрирање на Македонија во НАТО и во ЕУ и побара поддршка за прием на Македонија во Алијансата на претстојниот Самит во Варшава. Во контекст на евроинтеграциите, претседателот Иванов посочи дека и покрај сериозните предизвици со кои е соочена Европа, Европската унија мора да го продолжи процесот на проширување, затоа што интегрирањето во безбедносната и политичката архитектура на ЕУ е најсоодветен одговор за справување со предизвиците.
PRM-ZEMAN_2

Претседателот Иванов се заблагодари за поканата за учество на Самитот на Вишеградската група, изрази задоволство од одличните политички односи со Чешката Република и истакна дека Република Македонија и натаму ќе биде посветена на унапредување на севкупните билатерални односи со посебен акцент наекономска соработка. Беше договорено политичкиот дијалог на највисоко ниво да продолжи во наредниот период.

minhen_izjava
Во иднина ќе се занимаваме со безбедносниот аспект на мигрантската криза – претседателот Иванов на 52. Минхенска безбедносна конференција
Сабота, 13 Февруари 2016

Безбедносниот аспект на бегалската кризата е она што во идните години ќе не преокупира. Многу од борците во ИСИЛ веќе го користат бегалскиот бран за да ги напуштат боиштата и да се протнат меѓу бегалците. Тоа сега го отвора прашањето како службите ќе соработуваат, како ќе ги наоѓаат тие лица и како ќе се справуваат. Ова го изјави претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов во Минхен, каде учествува на 52. Минхенска безбедносна конференција.

Со хуманитарниот аспект на кризата, како што рече претседателот Иванов, се справуваат меѓународните организации, ОН, УНИЦЕФ и Црвен крст, и тоа е една димензија на кризата, додека безбедносниот аспект е нешто со што ќе се соочуваме во идниот период и тоа ќе остава отворени прашања за кои досега немаме решение.

- Меѓу бегалците има голем број илегални мигранти од земји каде што нема безбедносни ризици. Тие се пред се економски мигранти кои поведени од овој бран што го отворија бегалците од Блискиот Исток ја користат можноста да добијат шанса и да живеат во подобри места, рече македонскиот претседател.

Претседателот Иванов посочи дека на средбите кои ги оствари на маргините на Минхенската конференција со претставници на земји-членки од ЕУ разговарал за искуството на Република Македонија како земја на транзит и за неопходноста од севкупното европско решение на овој предизвик.

- Македонија иако не е членка на ЕУ, таа е на европскиот континентот и мора да се најде начин да се соочи со овој заеднички предизвик кој ќе трае. Ова не е нешто што може веднаш да заврши, рече претседателот Иванов.

Со претставниците од САД, како што рече претседателот Иванов, разговарал за новата мисија на НАТО што ќе ја има сега меѓу Турција и Грција и како тоа ќе се одрази на протокот на мигрантите и бегалците низ македонската територија.

- Разговаравме и за македонското членство во НАТО и како да се најде начин ова што досега сме го вложиле во прилагодување на стандардите на НАТО, учество во НАТО мисиите и Македонија од тоа има некој бенефит, бидејќи сите кон нашата земја гледаат како на партнер кој ги исполнува сите обврски кои ги има преземено од НАТО, рече претседателот Иванов.

Претседателот Иванов во Минхен имаше средби и со неколку претставници на земјите од каде што доаѓаат најголемиот дел од бегалците.

- На овие средби сакав изворно да се информирам за состојбите во Ирак, во Авганистан... Разменивме мислења за нивните видувања и планови што тие и ги понудиле на ЕУ, како да се најде начин да се забави и да се влијае на овој бегалски бран кој веќе трае, рече претседателот Иванов.

На средбите, како што рече претседателот Иванов, бил информиран и за проблемите кои ги има населението со ИСИЛ и за сето она што ги принудува сите тие луѓе од различни вери и етнички групи да бегаат од своите домови.

- Укажаа дека во сето ова се вклучени и многу криминални структури затоа што гледаат дека тоа носи голем профит. Тие информации ќе ни бидат корисни како земја на транзит на бегалците. И тие самите укажуваат дека Македонија треба да биде дел од севкупното европско решение. Затоа што не може да се чека само одредени земји да пројавуваат иницијативи и да даваат решенија. Тоа мора да е севкупно решение, истакна претседателот Иванов.

Од сите овие разговори, како што посочи претседателот Иванов, произлегло дека мора да се менува улогата на националните армии и дека освен на стандардите на НАТО, земјите мора да ги прилагодуваат своите закони за ова нова улога која ќе ја имаат армиите пред се во заштита на своите граница.

- Тоа го покрена и прашањето каква се опрема е неопходна и како треба да се стандардизираат сите овие постапки вклучувајќи и го и усогласувањето на регулативата. Ние за тоа имаме заклучоци од Светот за безбедност и покренавме иницијатива пред се за промена на законската регулатива на оваа нова улога на армиите за заштита на сопствените граници, нагласи претседателот Иванов.

На средбите со претставниците од земји-членки од Унијата, претседателот Иванов го повтори барањето за опремата која ни е потребна за заштита на нашата граница.

- Имаме потреба од тие стандарди, како и од тоа сите тие податоци да бидат дел од севкупните бази на податоци на Шенген и на Фронтекс, каде што ќе може да ги користат и другите земји за да се знае кои лица сме ги откриле, а немаат право на азил и тие лица до немаат пристап до ниедна земја од Унијата, односно да се почне да се враќаат од земјите од каде доаѓаат, додаде претседателот Иванов.

 
Почеток < Пред 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 Следно > Крај
Страница 56 од 198