Новости
OSCE_za_web
Проштална средба со г-ѓа Нина Суомалаинен, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија
Четврток, 05 Април 2018
PRM_Izvidnici_01
Средба со претставници на Сојузот на извидници на Македонија
Среда, 28 Март 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими претставници на Сојузот на извидници на Македонија, по повод 12. Македонска извидничка смотра, којашто ќе се одржи во извидничкиот камп во Скребатно, Охрид.

Претставниците на Сојузот на извидници на Македонија го запознаа претседателот Иванов со тековните активности, во пресрет на одржувањето на 12. Македонска извидничка смотра, како и со целокупната програма на којашто ќе учествуваат околу 1000 извидници, од Македонија, Европа и од светот.

Претседателот Иванов изрази поддршка за активностите на Сојузот на извидници на Македонија, како и за нивниот значаен придонес, нудејќи можност за  развој на вештини, знаења и искуства во рамките на неформалното образование кај младите, но и можност за стекнување и градење нови пријателства.

На средбата, претставниците на Сојузот истакнаа дека смотрите се организираат на 5 години и дека оваа година се одбележува јубилеј, 65 години постоење на Сојузот на извидници на Македонија. Годинашната 12. Македонска извидничка смотра ќе се реализира во периодот од 14 до 22 јули, под покровителство на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов.
PRM_Izvidnici_02

PRM_henrik_holovej_01
Средба на претседателот Иванов со г. Хенрик Хололеј, генерален директор за мобилност и транспорт на Европската Комисија
Понеделник, 26 Март 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Хенрик Хололеј, генерален директор за мобилност и транспорт на Европската Комисија.

На средбата беа разменети мислења околу можностите за поголема соработка и поддршка од страна на Европската унија, во областа на транспортното поврзување, и вклучување на Република Македонија во европските инфраструктурни проекти.

Претседателот Иванов на средбата ги реафирмираше стратешките цели на Република Македонија за членство во Европската Унија и ја истакна потребата од поголема економска и транспортна поврзаност.

„За рамноправно  да се вклучиме во европскиот економски простор, неопходно е да сме рамноправен дел и од европските патни, железнички и енергетски коридори. Очекуваме Унијата да ја стави Македонија на мапата на големите европски инфраструктурни проекти", порача на средбата македонскиот претседател.

Претседателот Иванов додаде дека економската, транспортната и дигиталната поврзаност, ќе помогнат нашите компании да бидат поконкурентни на глобалниот пазар, и ќе го направат целиот регион поатрактивен за директни странски инвестиции, односно ќе се зголеми компетитивноста на економиите од регионот.
PRM_henrik_holovej_02

PRM_grb
Стартува проектот „Ден со македонските водечки извршни директори“ под покровителство на претседателот Иванов
Понеделник, 26 Март 2018
PRM_Metodija_Koloski
Претседателот Иванов го прими претседателот на Обединетата македонска дијаспора, г. Методија Колоски
Понеделник, 26 Март 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р  Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора со седиште во Вашингтон.

На средбата беа разменети мислења за влијанието на македонската дијаспора, начините и можностите за промовирање на македонските вредности и нивниот придонес за меѓународна афирмација на Република Македонија. Во таа насока, претседателот на Обединетата македонска дијаспора го запозна претседателот Иванов со нивните тековни и планирани активности, како и со предизвиците со кои се соочуваат.

Претседателот Иванов  истакна дека како и досега и во иднина ќе ја поддржува македонската дијаспора, потенцирајќи дека секој нивни успех претставува успех за Република Македонија.

Македонскиот претседател повика на единство на претставниците на македонската дијаспора и на нивна натамошна активна вклученост и придонес во развивањето и унапредувањето на односите и соработката меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави.

„Со вашата искрена поддршка за Македонија, со негувањето на македонското име и идентитет, со промоцијата на нашата традиција, јазик и култура, вие давате пример кој треба да го следат оваа и наредните генерации Македонци од дијаспората", порача македонскиот претседател на средбата со Колоски.

Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните политички состојби во Република Македонија.

liliana_franc._pratenik
Средба со г-ѓа Лилјана Танги, пратеничка во Националното собрание на Француската Република
Четврток, 22 Март 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ја прими г-ѓа Лилјана Танги, пратеничка во Националното собрание на Француската Република.

На средбата се разговараше билатералните односи меѓу Република Македонија и Француската Република, за актуелните состојби на политички план како и за натамошната француска поддршка во однос на македонските евроинтеграции.

Во тој контекст, претседателот Иванов се заблагодари за поддршката што Француската Република континуирано и ја дава на Република Македонија на патот кон нашето целосно интегрирање во европските и евроатлантските структури и истакна дека Република Македонија е цврсто определена за натамошно зајакнување на пријателските односи со Француската Република.

Македонскиот претседател ја поздрави меѓупарламентарната соработка и изрази подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво.

Претседателот Иванов изрази задоволство од средбата со г-ѓа Лилјана Танги која што е прва пратеничка во Францускиот парламент од македонско потекло, посакувајќи и успех во нејзината работа.

 
Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај
Страница 17 од 198