Советници | |
д-р Иле Масалковски - Заменик генерален секретар за организациони и протоколарни работиД-р Иле Масалковски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје, на отсекот за политички студии, а со звањето Магистер по јавна администрација се стекнал во 2011 година на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски ситеми - Битола. Во 2017 година се стекнал со звањето Доктор на науки од областа на јавната администрација, при Универзитетот "Св. Климент Охридски" во Битола. Во 2006 година е ангажиран прво како демонстратор, а потоа и како помлад асистент по предметите Надворешна политика, Надворешно политичка анализа и Анализа на јавна политика на ФАМИС - Битола. Во 2009 година е ангажиран како Раководител за протокол и организациони работи во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, а за Заменик генерален секретар е именуван во 2010 година. Има неколку годишно искуство во работата на невладиниот сектор и меѓународната младинска политика. Учестувал на голем број тренинг курсеви, семинари во земјава и во странство, како и на првата „Школа за политика“ оганизирана од Советот на Европа (2003-2004). Бил Извршен директор на Граѓанското здружение за демократија, мир и толеранција „АУРОРА“ од Битола, како и Заменик координатор на ЕЦМП - Скопје. Активно го говори англискиот јазик, а го користи и француски јазик.
Генерал п.полковник Горанчо Котески - Советник за воени прашања
Илија Исајловски - Посебен советник за прашања од областа на надворешната политика. Зерин Абаз - Посебен советник за прашања од областа на надворешната политика. д-р Фљора Кадриу - Посебен советник за прашања од областа на внатрешната политикаФљора Кадриу посебен советник за прашања од областа на внатрешната политика во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и член на Советот за безбедност на Република Македонија. Дипломирала на Педагошки факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје, магистрирала на факултетот за Јавна Администрација и Политички Науки на Универзитетот на Југоисточна Европа, а докторирала на тема “Граѓанско–политичките права, културната различност и консоцијалната демократија”, на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје. Професионалните почетоци на Кадриу се во Албански театар Скопје, каде што се вработува како актер. Нејзината прва политичка функција ја извршува како советник во град Скопје, во периодот од 2005-2006 година. Во периодите 2006-2008 и 2008-2011 година, Кадриу е пратеник во Собранието на Република Македонија. Таа е професор на приватниот универзитет „ФОН“ во Скопје. Даниел Ѓокески - Посебен советник за прашања од областа на внатрешната политика. Анастасија Илиевска - Посебен советник за прашања од областа на одбраната и безбедноста. Бригаден генерал Методи Хаџи-Јанев - Аѓутант
Љуљета Ќуфлију - Советник за меѓунационални односиЉуљета Ќуфлију има долгогодишно и сеопфатно работно искуство во различни државни институции,невладини и меѓународни организации. Својата кариера ја започнува во редакцијата за култура во Радио Втора програма при Македонската Радио Телевизија, но истовремено учествувала и во многу социјални и хуманитарни активности. По завршувањето на Педагошкиот факултет во Скопје, Ќуфлију е ангажирана во редакцијата за култура на дневниот весник “Флака”. Љуљета Ќуфлију уметноста на дипломатијата ја стекнува работејќи со меѓународни дипломати - претставници на повеќе светски организации. Почетоците на ова искуство се во Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје, од 2001 година. За време на повеќегодишното работно искуство во рамките на меѓународните организации, Ќуфлију била активно инволвирана во организација на културолошки и хуманитарни манифестации, како и во организацијата на средби и посети на важни меѓународни и локални делегации. |