ПРОЦЕС БРДО-БРИОНИ 

Состанок на лидерите на земјите во Процесот Брдо-Бриони


web_baner_NOV



Процесот Брдо-Бриони прв пат се одржа во 2013 година на иницијатива на Претседателите на Република Словенија и Република Хрватска. Иницијативата го доби називот Процес Брдо-Бриони поради споделената идеја на претседателите на двете земји за негова организација; Брдо, од Брдо при Крањ, каде и се одржува првиот состанок на лидерите од регионот, и Бриони, во чест на ко-организаторот и партнерот во иницирањето на иницијативата, Република Хрватска.

Главната цел на иницијаторите на Брдо-Бриони Процесот, Претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска, е европска интеграција на земјите од регионот и стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.

Процесот на интеграција на целиот регион во ЕУ добива различна, нова реалност. Република Словенија и Република Хрватска се рамноправни земји членки на ЕУ; Република Македонија, Република Албанија, Црна Гора и Република Србија се ЕУ земји кандидати, додека Босна и Херцеговина и Република Косово се земји потенцијални кандидати за членство во ЕУ. Секој процес на интеграција на земјите има посебна динамика. Откако и Република Хрватска стана рамноправна земја членка на ЕУ, двете земји членки на ЕУ ја презедоа иницијативата за олеснување на размената на искуствата и праксите од нивната интеграција во ЕУ со другите земји, кои пак, од друга страна, добија нов форум за нивните шефови на држави што беше особено позитивно прифатено. Отворањето на темата проширување на ЕУ кон Западен Балкан, односно интеграција на целиот регион, е високо во агендите на лидерите на земјите од регионот.

Имајќи ја предвид евроинтеграцијата, лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони ја препознаваат потребата за нова иницијатива која ќе го заземе местото на долгогодишните регионални иницијативи кои претежно функционираат на принцип на декларативност, без конкретни мерки и активности. Останатите регионални иницијативи и механизми станаа премногу декларативни и не даваат резултати. Тука, Процесот Брдо Бриони одигра значајна улога пополнувајќи го вакумот, заменувајќи ја истрошеноста и безидејноста на другите регионални иницијативи со нова свежина и нови идеи со конкретни политички резултати, кои пак, понатаму, се надополнуваат со практични резултати со самитите за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот и последователните Виенски, Париски и Римски процеси. Особено се потенцираат залагањата за постигнување на отворен и конструктивен дијалог меѓу сите земји од регионот, што Процесот Брдо Бриони, го однесе на следно, повисоко ниво, со надминување на воспоставениот принцип на декларативно функционирање на сите досегашни регионални иницијативи и го замени со конкретни акции, мерки и чекори.

Лидерите на земјите од регионот ја увидоа неопходноста за редовен и континуиран дијалог, потребата за јакнење и поттикнување на политичкиот дијалог, потребата за воспоставување на меѓусебна доверба меѓу земјите, како и потребата за создавање услови и поттикнување подготвеност за решавање на отворените билатерални и излегување во пресрет на регионалните предизвици.

Процесот Брдо-Бриони е најпрестижна регионална инцијатива која дава политички резултати и поттикнува политички дијалог меѓу земјите од регионот со отворени прашања. Со намера да се овозможи простор за неоптоварен и конструктивен политички дијалог меѓу лидерите, беше донесена одлука состаноците на Процесот Брдо Бриони да се одржуваат во форматот Гимних.

Посебен кредибилитет на Процесот, претставува организирање на Берлинскиот и последователните процеси, кои ги надополнуваат политичките резултати на Процесот Брдо Бриони со повеќе видливи и конкретни резултати.

Следниот состанок на Процесот Брдо-Бриони во Република Македонија ја потврдува нашата увереност дека иницијативата се движи во вистинскиот правец и дава конкретни, и видливи резултати, надминувајќи ги долгогодишните предизвици на регионот кои произлегуваат од отворените прашања на билатерален план, но и предизвиците на регионот во целина.


 

 


PRM

Светот се соочува со длабока трансформација. Се променија условите, но и правилата на играта. Државите од регионот на Балканот сами по себе немаат доволен капацитет за да излезат на крај со сите ризици и предизвици.

Процесот Брдо - Бриони го пополнува вакумот што во последно време се појави во регионалната соработка. Процесот ни овозможува декларативноста да ја замениме со конкретни проекти што даваат конкретни резултати, а формалноста со неформален, но искрен дијалог околу сите прашања што се важни за земјите од регионот.

Ние, претседателите, треба да ја вратиме меѓусебната доверба во нашиот регион, да овозможиме максимална соработка и меѓусебно поврзување. Со тоа ќе придонесеме кон градење на политичка и безбедносна стабилност и економски просперитет за целиот наш регион.

Не може да го смениме минатото, но заеднички можеме да ја смениме сегашноста, а со тоа и иднината.

                                                                                                        Д-р Ѓорге Иванов