
Почитувани,
Вашите акредитации можете да ги подигнете на 26 април (четврток) од 12:00-16:00 часот и на 27 април (петок) од 9:00-11:00 часот во Народната Канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје, на ул: „Димитрие Чуповски" бр.7. Ве известуваме дека на претставниците на медиумите кои нема да поседуваат соодветен беџ, нема да им биде дозволен пристап во хотелот „Александар Палас" на 27 април 2018 година.
Акредитираните претставници на медиумите, поради регистрација и безбедносните процедури, треба да бидат пристигнати во хотелот „Александар Палас" на 27 април 2018 година, најдоцна до 14:30 часот.
Претставниците на медиумите кои сакаат да вршат линковско вклучување и имаат потреба од пристап со возило на паркингот на хотелот, се молат да достават информација за возилото и регистарски таблички до четврток – 26 април 2018 најдоцна до 12:00 часот на следната е-пошта
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Агенда: Четврток – 26 април 2018 12:00 - 16:00 часот Подигнување на акредитации за претставници на медиумите место: Народна Канцеларија на Претседателот на Република Македонија, ул: „Димитрие Чуповски" бр.7, Скопје
Петок - 27 април 2018 09:00 - 11:00 часот Подигнување на акредитации за претставници на медиумите место: Народна Канцеларија на Претседателот на Република Македонија, ул: „Димитрие Чуповски" бр.7, Скопје
Петок - 27 април 2018 12:00 - 14:30 часот Регистрација на претставниците на медиумите место: хотел „Александар Палас" (заден влез)
Петок - 27 април 2018 16:00 - 16:20 часот Официјален пречек на лидерите на земјите учеснички на Процесот Брдо-Бриони од страна на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Претседателот на Република Хрватска, г-а Колинда Грабар-Китаровиќ и Претседателот на Република Словенија, г. Борут Пахор место: хотел „Александар Палас"
Петок - 27 април 2018 18:30 - 19:35 часот Заедничка прес-конференција на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Претседателот на Република Хрватска, г-а Колинда Грабар-Китаровиќ, Претседателот на Република Словенија, г. Борут Пахор, Претседателот на Владата на Република Бугарија, г. Бојко Борисов и Претседателот на Европскиот совет, г. Доналд Туск. место: хотел „Александар Палас"
|