Претходни самити

Во рамките на Брдо Бриони Процесот досега се одржани 6 состаноци, од кои 5 редовни и 1 вонреден:

 

  1. 1. Брдо при Крањ, Република Словенија, 24-25 јули, 2013 година,
  2. 2. Дубровник, Република Хрватска. 14-15 јули, 2014 година,
  3. 3. Будва, Црна Гора, 7-8 јуни 2015 година,
  4. 4. Загреб, Република Хрватска, 24-25 ноември 2015 година (вонреден самит), 
  5. 5. Сараево, Босна и Херцеговина, 28-30 мај 2016 година,
  6. 6. Брдо кај Крањ, Република Словенија, 3 јуни 2017 година.


Уште од првиот Самит на процесот Брод Бриони се воспоставува пракса на учество на највисоки гости од ЕУ, или други држави, вообичаено претседатели на држави, најчесто на некоја од земјите членки на ЕУ.

 

1. Првиот состанок на лидерите од земјите во Процесот Брдо-Бриони се одржа во Брдо при Крањ во Република Словенија во периодот 24-25 јули 2013 година. Покрај претседателите на земјите од регионот, учествува и Претседателот на Француската Република, г. Франсоа Оланд.

(Соопштение за јавност)

 

2. Во јули 2014 година Состанокот на лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони се одржа во Дубровник. Почесен гостин на состанокот беше Канцеларот на Сојузна Република Германија, г-ѓа Ангела Меркел.

После учеството на Процесот Брдо-Бриони, прифаќајќи ги укажувањата на шефовите на државите во Дубровник за потребата за поблиска, и не само декларативна соработка со лидерите на земјите од Западен Балкан во однос на процесот на интеграција во ЕУ, Канцеларката Меркел ја иницираше Конференцијата за земјите од Западен Балкан, 28 август 2014 година. Конференцијата се одржа во Берлин и поради тоа се именува како Берлински процес. Со Конференцијата претседаваше Канцеларката Меркел, а учествуваа шефови на држави или влади на сите земји од Југо-Источна Европа, односно Западен Балкан и Република Словенија и Република Хрватска. Главната цел е да се покаже и да се потврди посветеноста на ЕУ на процесот на проширување, од една страна, и подготвеноста на земјите кандидати и аспиранти за исполнување на критериумите и неопходните реформи за членство во ЕУ, од друга страна. Берлинскиот процес, замислен како 5-годишен процес, предвидува одржување на самит на највисоко ниво еднаш годишно во следните 4 години, со примарна цел, потенцирање на посветеноста на политиката на идно проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Акцентот е ставен на земјите кои се уште не се членки на ЕУ, Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, а учествуваат и земјите членки, потврдени домаќини на идните самити, Германија, Австрија, Франција, Италија, со исклучително силна поддршка од Словенија и Хрватска, кои го иницираа Процесот Брдо Бриони.


(Заеднички заклучоци)

 

3. Во Будва, во 2015 година, на состанокот на лидерите за земјите од Процесот Брдо-Бриони се приклучува Претседателот на Република Австрија, г. Хајнц Фишер.

Состанокот на лидерите за земјите од Процесот Брдо-Бриони одржан во Будва во 2015 година претходеше на Самитот за Западен Балкан во Виена, август 2015 година. Т.н. Виенски процес, всушност е продолжение на Берлинскиот процес. Со Самитот претседаваше г. Себастијан Курц, Министерот за Европа, интеграција и надворешни работи на Р. Австрија, а учествуваа шефовите на држави или влади на истите земји од Берлинскиот процес.


(Заеднички заклучоци)

 

4. Во Загреб во ноември 2015 година, на вонредниот пленарен состанок на Процесот Брдо-Бриони присуствува Претседателот на Европскиот совет, г. Доналд Туск, Потпретседателот на САД, г. Џозеф Бајден, и Претседателот на Р. Австрија, г. Хајнц Фишер. Вонредноста на овој Самит беше предизвикана од големата безбедносна криза, мигрантската криза со која се соочи Европа. Соработката на планот на безбедноста, и соработката и поддршката во соочувањето со бегалската криза беа централни теми на Самитот.

Состанокот на лидерите за земјите од Процесот Брдо-Бриони одржан во Будва во 2015 година претходеше на Самитот за Западен Балкан, што се одржа во Виена во август 2015 година. Т.н. Виенски процес, всушност е продолжение на Берлинскиот процес. Со Самитот претседаваше г. Себастијан Курц, Министерот за Европа, интеграција и надворешни работи на Р. Австрија, а учествуваа шефовите на држави или влади на истите земји од Берлинскиот процес. Покрај темата на проширувањето на ЕУ, во текот на Самитот се разгледуваа и теми од областа на инфраструктура, транспорт, енергетика.


(Заеднички заклучоци)

 

5. Специјален гостин на состанокот во мај 2016 година одржан во Сараево е Претседателот на Италијанската Република, г. Серџо Матарела.

Во јули 2016 година во Париз се одржа Самитот за Западен Балкан. Како дел од Берлинскиот процес, покрај темата на политиката на проширување на ЕУ, поради актуелните проблеми, се темите на мигранстката криза и борбата против тероризмот. Учесниците на Самитот во Париз ја поздравија динамиката на состаноците во овој формат, но и состаноците во форматот на Брдо-Бриони Процесот, регионална иницијатива која значително придонесува за подобрување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан во многу области и помага за подобрување на добрососедските односи во регионот. 


(Заеднички заклучоци)


6. На состанокот на лидерите на земјите од процесот Брдо-Бриони, што се одржа минатата година во Брдо кај Крањ, во Р. Словенија, специјален гостин беше Претседателот на Сојузна Република Германија, г. Франк Валтер Штајнмаер. Во фокусот на средбата беше потребата од зајакнување на политичката стабилност и помирување во југоисточна Европа, соочени со предизвиците од забавување на проширувањето на ЕУ. 

(Заеднички заклучоци)
 

 Следниот состанок на лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони ќе се одржи на 27 април 2018 година во Република Македонија.                                                                                                                                                     



 


PRM

Светот се соочува со длабока трансформација. Се променија условите, но и правилата на играта. Државите од регионот на Балканот сами по себе немаат доволен капацитет за да излезат на крај со сите ризици и предизвици.

Процесот Брдо - Бриони го пополнува вакумот што во последно време се појави во регионалната соработка. Процесот ни овозможува декларативноста да ја замениме со конкретни проекти што даваат конкретни резултати, а формалноста со неформален, но искрен дијалог околу сите прашања што се важни за земјите од регионот.

Ние, претседателите, треба да ја вратиме меѓусебната доверба во нашиот регион, да овозможиме максимална соработка и меѓусебно поврзување. Со тоа ќе придонесеме кон градење на политичка и безбедносна стабилност и економски просперитет за целиот наш регион.

Не може да го смениме минатото, но заеднички можеме да ја смениме сегашноста, а со тоа и иднината.

                                                                                                        Д-р Ѓорге Иванов