Цели и учесници

Земји учеснички во Процесот Брдо Бриони се:

 

  1. 1.Република Албанија – на ниво на Претседател,
  2. 2.Босна и Херцеговина – Претседателство (тројца членови),
  3. 3.Република Косово – на ниво на Претседател,
  4. 4.Република Македонија – на ниво на Претседател,
  5. 5.Република Словенија – на ниво на Претседател,
  6. 6.Република Србија – на ниво на Претседател,
  7. 7.Република Хрватска – на ниво на Претседател, и
  8. 8.Црна Гора – на ниво на Претседател.


Лидерите на земјите од Брдо Бриони Процесот се состануваат најмалку еднаш годишно.

 

Процесот Брдо Бриони е втемелен врз солидарноста и партнерството на земјите од регионот во европските интеграции и:

 

- претставува форум на шефовите на државите во регионот за едно од суштинските прашања за целиот регион – проширувањето на ЕУ;
- го поттикнува политичкиот дијалог на највисоко ниво меѓу земјите од регионот, ја јакне довербата меѓу земјите и го интензивира дијалогот на земјите од Западен Балкан и ЕУ;
- ја јакне и унапредува регионалната соработка во сите области кои имаа заеднички и споделен интерес (пр. инфраструктурни проекти, транспорт, енергетска политика и сл.);
- овозможува размена на информации за внатрешно-политичките состојби на земјите од регионот и поттикнува конструктивна дискусија за прашањата и предизвиците од актуелни состојби во регионот и Европа;
- овозможува заедничка анализа на актуелните европски и глобални предизвици во однос на нивното влијание на регионот и земјите поединечно;
- помага за јакнење на економската соработка меѓу земјите и економскиот развој на регионот.

 


PRM

Светот се соочува со длабока трансформација. Се променија условите, но и правилата на играта. Државите од регионот на Балканот сами по себе немаат доволен капацитет за да излезат на крај со сите ризици и предизвици.

Процесот Брдо - Бриони го пополнува вакумот што во последно време се појави во регионалната соработка. Процесот ни овозможува декларативноста да ја замениме со конкретни проекти што даваат конкретни резултати, а формалноста со неформален, но искрен дијалог околу сите прашања што се важни за земјите од регионот.

Ние, претседателите, треба да ја вратиме меѓусебната доверба во нашиот регион, да овозможиме максимална соработка и меѓусебно поврзување. Со тоа ќе придонесеме кон градење на политичка и безбедносна стабилност и економски просперитет за целиот наш регион.

Не може да го смениме минатото, но заеднички можеме да ја смениме сегашноста, а со тоа и иднината.

                                                                                                        Д-р Ѓорге Иванов