Република Македонија | |
Република Македонија се наоѓа во Југоисточна Европа, во центарот на Балканскиот Полуострови зафаќа површина од 25.713км2. Нејзиниот релјеф се карактеризира со големи и високи планински масиви, меѓу кои се протегаат широки и рамни долини и низини. Безмалку целата територија на Македонија лежи на географска широчина од 40⁰и 42⁰ и е транзиционен регион помеѓу медитеранската и континенталната клима. Земјата се граничи со Србија и Косово на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Значењето на географската положба на Македонија, како централна балканска држава која се граничи со пет држави, различни по својот стопански потенцијал и развиеност, е што тие се упатени на меѓусебна трговска размена и дополнување на нивните економии, токму преку територијата на Република Македонија.
Население Според последните официјални податоци од пописот во 2002 година, во Република Македонија живеат 2.022.547 граѓани, од кои над 600.000 живеат во главниот град Скопје – политичкиот, административен и економски центар на Македонија. Останати поголеми градови се Битола, Куманово, Тетово, Охрид, Велес, Гостивар, Штип, Струмица итн.
Македонци (64,18%), Албанци (25,17%), Турци (3,85%), Роми (2,66%), Срби (1,78%), Бошњаци (0,84%), Власи (0,48%) и останати етнички групи (1,04%).
Јазик
Политички и судски систем Република Македонија по државниот референдум во септември 1991 година воспостави суверена држава заснована на парламентарна демократија. Извршната власт е во рацете на Владата, предводена од Премиер. Премиерот и владините министри се бираат во Собранието. Министрите се бираат со мнозинството гласови на пратениците во Собранието.
Законодавната власт, Собранието на Република Македонија, е составено од 123 пратеници кои се избираат на секои четири години. Претседателот на Република Македонија, ја претставува Републиката и ја извршува функцијата Врховен командант на вооружените сили. Претседателот се бира на општи и непосредни избори, со мандат од пет години и можност за уште еден реизбор. Според Уставот и законите, судската власт е независна и се спроведува преку судовите. На врвот на судскиот систем се Врховниот суд и Судски совет на РМ. Врховниот суд е највисок суд во Република Македонија и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите. Судскиот совет е самостоен и независен орган на судството кој ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт. Уставниот суд на Република Македонија е орган на Републиката кој ја штити уставноста и законитоста. Со последните реформи во судскиот систем од 2007 година, се воведоа и Административни судови кои делуваат по однос на жалбите на одлуките донесени од државната администрација. |