НОВОСТИ | |
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на 27 април 2018 година во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони. |
Светот се соочува со длабока трансформација. Се променија условите, но и правилата на играта. Државите од регионот на Балканот сами по себе немаат доволен капацитет за да излезат на крај со сите ризици и предизвици.
Процесот Брдо - Бриони го пополнува вакумот што во последно време се појави во регионалната соработка. Процесот ни овозможува декларативноста да ја замениме со конкретни проекти што даваат конкретни резултати, а формалноста со неформален, но искрен дијалог околу сите прашања што се важни за земјите од регионот.
Ние, претседателите, треба да ја вратиме меѓусебната доверба во нашиот регион, да овозможиме максимална соработка и меѓусебно поврзување. Со тоа ќе придонесеме кон градење на политичка и безбедносна стабилност и економски просперитет за целиот наш регион.
Не може да го смениме минатото, но заеднички можеме да ја смениме сегашноста, а со тоа и иднината.
Д-р Ѓорге Иванов