Комисија за „Најдобар млад научник“ | |
Комисијата за доделување на признанието „Најдобар млад научник“ е формирана во функција на реализација на проектот на претседателот д-р Ѓорге Иванов „Најдобар млад научник“, кој има за цел да ја поддржи науката, научните установи и младиот научен кадар, како и да ги стимулира вложувањата во научниот развој на младите чии сериозни научни достигнувања нема да останат незабележани.Преку овој проект се воспоставува традиција секоја година да се избира најдобриот млад научник, и на тој начин да се поттикува младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија.
Имено, проектот „Најдобар млад научник“ предвидува избор на кандидат, на возраст до 30 години, кој се занимава со научни истражувања и кој во досегашната научна работа има постигнато одреден научен резултат, и кој ќе го понесе епитетот Најмлад научник.
Комисијата за „Најдобар млад научник“ за прв пат е формирана во 2010 година и е составена од претседател и 14 члена кои потекнуваат од следните институции:
· Македонска академија за науки и уметности (МАНУ) · Министерство за образование и наука · Јавни и приватни универзитети во Република Македонија · Државен завод за заштита на индустриската сопственост · Кабинет на Претседателот на Република Македонија · Претставник од стопанството
На избраниот најдобар млад научник за тековната година, претседателот на Република Македонија му доделува посебно Признание и парична награда во износ од 60.000 денари. Комисијата досега има предложено до претседателот Иванов четворица кандидата, кој станаа носители на признанието „Најдобар млад научник" за 2010, 2011, 2012 и 2013 година.
|