Комисија за одликување | |
Комисијата за одликувања и признанија е постојано работно тело на Претседателот на Република Македонија составено од претседател и 14 членови кои ги именува Претседателот од редот на истакнати поединци и претставници од соодветни државни органи и организации, здруженија на граѓани, научни, стручни и други институции. Комисијата работи врз основа на одредбите на Законот за одликувања и признанија на Република Македонија.
Иницијативите за доделување на одликувања и признанија се доставуваат до Комисијата за одликувања и признанија на Претседателот на Република Македонија. Комисијата ги разгледува доставените иницијативи на седница и врз основа на стручна анализа утврдува мислење за основаноста на барањата содржани во иницијативите и му предлага на Претседателот доделување на соодветно одликување или признание.
|