Одликувањата и признанијата на Република Македонија се симболи на признание што се доделуваат за работи и дела што заслужуваат општо признание, пожртвуваност и истакнување за време на мир или војна. Одликувањата и признанијата на Република Македонија ги доделува и врачува лично претседателот на Република Македонија.
Одликувањата и признанијата на Република Македонија се доделуваат на поединци граѓани на Република Македонија, на правни лица, државни органи, установи, владини и невладини организации, на единици, команди, штабови и установи на вооружените сили на Република Македонија, на единиците на полицијата на Министерството за внатрешни работи и на припадниците на Армијата на Република Македонија и на Министерството за внатрешни работи.
Одликувањата и признанијата се доделуваат за постигнати резултати во доменот на општествено-политичките, стопанските, научно-истражувачките работи, како и за особени заслуги од областа на социјалната и хуманитарната помош.
Одликувањата и признанијата се доделуваат и за активности кои придонесуваат за мирен и стабилен развој на Република Македонија, за придонес во нејзиниот демократски развој, за особено постигнати резултати во работата, како и за пројавена особена лична храброст во одбраната на татковината.
На физичките лица одликувањата можат да се доделат и посмртно. Одликувањата и признанијата можат да се доделат и на странски државници - дипломати, странски физички и правни лица, меѓународни организации и други асоцијации.
Ордени на Република Македонија се: 1. Орден на Република Македонија 2. Орден "8 Септември" 3. Орден "Илинден - 1903 година" 4. Орден за заслуги за Македонија, и 5. Орден за воени заслуги
Медали на Република Македонија се: 1. Медал за заслуги за Македонија, и 2. Медал за храброст
Повеќе детали за критериумите за доделување одликувања и признанија, како и за посебните типови на Ордени и Медали, се содржани во Законот за одликувања и признанија на Република Македонија.
Доделени одликувања од страна на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов (2009-2014)
Указ бр.1 06.07.2009 Енио Мориконе, композитор и диригент од Република Италија
Медал за заслуги за Македонија Указ бр.2 02.09.2009 Д-р Роман Херцог, поранешен претседател на СР Германија
Орден „8 Септември“ Указ бр.3 21.12.2009 Д-р Жељу Жељев, поранешен претседател на Бугарија
Орден „8 Септември“ Указ бр.4 21.12.2009 Симон Трпчески, пијанист
Орден за заслуги за Македонија Указ бр.5 01.02.2010 Уфе Елеман Јансен, поранешен Министер за надворешни работи на Данска
Орден „8 Септември“ Указ бр.6 23.03.2010 Есма Реџепова Теодосиевска, естраден уметник
Орден за заслуги за Македонија Указ бр.7 15.06.2010 Круме Кепески, автор на првата македонска граматика, постхумно
Орден за заслуги за Македонија Указ бр.8 05.07.2010 Национална установа „Фестивал Охридско лето“ - Охрид
Орден за заслуги за Македонија Указ бр.9 19.10.2010 Методија Андонов – Ченто, прв претседател на Президиумот на АСНОМ, постхумно
Орден на Република Македонија Указ бр.10 17.11.2010 Н.В. Ото Фон Хабсбург
Орден за заслуги за Македонија Указ бр.11 20.01.2011 Тоше Проески, естраден уметник, постхумно одликување
Орден за заслуги за Македонија Указ бр.12 15.03.2011 Никола Кљусев, прв претседател на Владата на РМ, постхумно
Орден „8 Септември“ Указ бр.13 28.03.2011 Државен архив на Република Македонија
Орден за заслуги за Македонија Указ бр.14 15.08.2011 2. механизиран пешадиски баталјон од 1. Механизирана пешадиска бригада
на здружената оперативна команда на Армијата на Република Македонија
Орден за воени заслуги Указ бр.15 15.08.2011 Ренџерскио баталјон од полкот за специјални операции на Армијата на РМ
Орден за воени заслуги Указ бр.16 15.08.2011 Национална установа „Манифестација Струшки вечери на поезијата“
Орден за заслуги за Македонија Указ бр.17 01.09.2011 Џон Битов, бизнисмен од Канада со македонско потекло
Орден „8 Септември“ Указ бр.18 05.09.2011 Јордан Мијалков, прв министер за внатрешни работи на Република Македонија
Орден „8 Септември“ Указ бр.19 12.09.2011 Членовите на Македонската кошаркарска репрезентација
Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.20 20.09.2011 Даниел Димевски, претседател на Македонската Кошаркарска Федерација Медал за заслуги за Македонија Указ бр.21 28.09.2011 Лиана Думитреску, прв претставник на Македонците во романскиот Парламент Орден за заслуги за Македонија Указ бр.22 29.09.2011 Национална установа Турски Театар
Орден за заслуги за Македонија Указ бр.23 14.10.2011 Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани, Емир на Државата Катар Орден „8 Септември" Указ бр.24 28.10.2011 Правен факултет „Јустинијан Први", при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" Орден за заслуги за Македонија Указ бр.25 11.11.2011 Мировен Корпус од Соединетите Американски Држави Орден за заслуги за Македонија Указ бр.26 15.11.2011 Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово Орден за заслуги за Македонија Указ бр.27 18.11.2011 Кијоши Мизуно, почесен генерален конзул на Република Македонија во Јапонија Медал за заслуги за Македонија Указ бр.28 14.12.2011 Припадници на АРМ – потполковник Орце Јордев, мајор Драганчо Војнески, мајор Димче Велков, постар водник Стојче Стоилов, постар водник Зоран Ристов, водник Зоран Трајков
Медал за храброст Указ бр.29 14.12.2011 Сами Нуредин Медал за храброст Указ бр.30 30.01.2012 Членови на Македонската ракометна репрезентација Медал за заслуги за Македонија Указ бр.31 26.07.2012 Полк за специјални операции на АРМ Орден за воени заслуги Указ бр.32 26.07.2012 Митре Арсовски, прв началник на ГШ на АРМ Орден за воени заслуги Указ бр.33 26.07.2012 Национална гарда на Вермонт, САД Орден за воени заслуги Указ бр.34 26.07.2013 Воена академија на Република Турција Орден за воени заслуги Указ бр.35 17.08.2012 46 загинати припадници на АРМ од 2001 год., постхумно Медал за храброст Указ бр.36 17.08.2012 11 припадници на мисијата АЛТЕА, постхумно Медал за храброст Указ бр.37 30.04.2013 32 загинати припадници на МВР од 2001 год., постхумно Медал за храброст Указ бр. 38 16.07.2013 Ангел Митревски, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Република Хрватска Медал за заслуги за Македонија Указ бр.39 16.07.2013 Илона Захариева, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработката со Италијанската Република Медал за заслуги за Македонија Указ бр.40 16.07.2013 Павле Велков, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработката со Швајцарската Конфедерација Медал за заслуги за Македонија Указ бр.41 16.07.2013 Владимир Ралев, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработката со Швајцарската Конфедерација Медал за заслуги за Македонија Указ бр.42 16.07.2013 Мајк Зафировски, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработката со Соединетите Американски Држави Медал за заслуги за Македонија Указ бр.43 16.07.2013 Борис Ничов, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработката со Соединетите Американски Држави Медал за заслуги за Македонија Указ бр.44 16.07.2013 Коста Гас Стенвик, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработката со Канада Медал за заслуги за Македонија Указ бр.45 16.07.2013 Ферид Мурад, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Соединетите Американски Држави Медал за заслуги за Македонија Указ бр.46 16.07.2013 Зоран Ќосески, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Австралија Медал за заслуги за Македонија Указ бр.47 16.07.2013 Зоран Бечваровски, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработката со Австралија Медал за заслуги за Македонија Указ бр.48 16.07.2013 Виолета Јовановска, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработката со Австралија Медал за заслуги за Македонија Указ бр.49 16.07.2013 Диана Стерјовска, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработката со Австралија Медал за заслуги за Македонија Указ бр.50 16.07.2013 Јованка Смилевска, за значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Австралија Медал за заслуги за Македонија Указ бр.51 02.09.2013 Бронислав Коморовски, претседател на Република Полска Орден „8 Септември" Указ бр.52 25.11.2013 Виктор Орбан, премиер на Унгарија Орден „8 Септември" Указ бр.53 23.01.2014 Евгениј Суханов, Руска Федерација Орден за заслуги за Македонија Указ бр.54 23.01.2014 Елена Верижникова, Руска Федерација Орден за заслуги за Македонија
Одлука 08.10.2010 Владислав Барчиковски
Признание – Повелба на РМ Одлука 29.11.2010 Детски фестивал „Златно славејче"
Признание – Повелба на РМ Одлука 19.12.2011 Скопски џез фестивал Повелба на Република Македонија
Одлука 07.02.2012 Друштво на писатели Повелба на Република Македонија
Одлука 14.12.2012 Македонски ПЕН центар Повелба на Република Македонија
Одлуки 16.07.2013 Македонски организации од дијаспората:
Асоцијација на македонски друштва „Форум", Швајцарија Повелба на Република Македонија Македонско добротворно друштво „Македонија", Швајцарија Повелба на Република Македонија Македонско културно друштво „Св. Кирил и Методиј – Крањ", Словенија Повелба на Република Македонија Национален совет на македонското национално малцинство во Република Србија Повелба на Република Македонија Организација „Обединети Македонци од Канада" Повелба на Република Македонија Македонски меѓународен комитет за човекови права, Канада Повелба на Република Македонија
Организација „Обединета Македонска Дијаспора", САД Повелба на Република Македонија Австралиско – македонски комитет за човекови права Повелба на Република Македонија Македонски просветно – училиштен одбор за Нов Јужен Велс, Австралија Повелба на Република Македонија Одлука 18.11.2013 Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков" – Скопје Повелба на Република Македонија
Доделени одликувања од страна на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов (2014-денес)
Указ бр. 1 21.07.2014 Андон Дончевски, иселеник од Република Македонија во Австралија Медал за заслуги за Македонија Указ бр. 2 21.07.2014 Владимир Стрезов, иселеник од Република Македонија во Австралија Медал за заслуги за Македонија Указ бр. 3 21.07.2014 Зоран Костадинов, иселеник од Република Македонија во Швајцарија Медал за заслуги за Македонија Указ бр. 4 21.07.2014 Ердован Етоски, иселеник од Република Македонија во Швајцарија Медал за заслуги за Македонија Указ бр. 5 21.07.2014 Спасо Божинов, иселеник од Република Македонија во Сојузна Република Германија Медал за заслуги за Македонија Указ бр. 6 21.07.2014 Омер Калеши, иселеник од Република Македонија во Франција Медал за заслуги за Македонија Указ бр. 7 21.07.2014 Ристо Стефов, иселеник од Република Македонија во Канада Медал за заслуги за Македонија Указ бр. 8 21.07.2014 Борис Папучкоски, иселеник од Република Македонија во САД Медал за заслуги за Македонија Указ бр. 9 Петар Иваноски - Тиквар, борец на македонското национално-ослободително движење и учесник на Првото заседание на АСНОМ Орден за заслуги за Македонија Указ бр. 10 24.11.2014 Македонска филхармонија Орден за заслуги за Македонија
Указ бр. 11 28.11.2014 Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје Орден за заслуги за Македонија Указ бр. 12 18.12.2014 Македонска радио-телевизија Орден за заслуги за Македонија
Указ бр. 13 09.06.2015 Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологиија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" – Скопје
Орден за заслуги за Македонија
Указ бр. 14 21.09.2015 Џорџ Буш
Орден на Република Македонија
Указ бр. 15 21.12.2015 Македонски народен театар
Орден за заслуги за Македонија
Указ бр. 16 14.04.2016 Национална установа Драмски театар - Скопје
Орден за заслуги за Македонија
Одлуки 21.07.2014 Македонски организации од дијаспората:
Добротворна организација "Св. Архангел Гаврил" - Нов Јужен Велс, Австралија Повелба на Република Македонија Хуманитарна организација „Надеж" - Мелбурн, Австралија Повелба на Република Македонија Македонска добротворна организација (MCWA) - Викторија, Австралија Повелба на Република Македонија Македонска општина од Западна Австралија Повелба на Република Македонија Македонско друштво "Илинден" - Хановер, Лацен, Германија Повелба на Република Македонија Заедница на Македонците во Република Хрватска - Загреб, Хрватска Повелба на Република Македонија Весник "Македонија" – Торонто, Канада Повелба на Република Македонија Радио "Вардарски Бранови" – Виндзор, Канада Повелба на Република Македонија Радио програма "Обединета Македонија" – Торонто, Канада Повелба на Република Македонија Македонскиот комитет за човекови права од Њу Џерси – Њу Џерси, САД Повелба на Република Македонија
Одлука 11.12.2014 Еврејска заедница во Република Македонија Повелба на Република Македонија
Одлука 26.05.2015 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ Повелба на Република Македонија
Одлуки 04.06.2015 Македонски организации од дијаспората:
Француско-македонската асоцијација „Блаже Конески" од Мант ла Жоли, Француската Република Повелба на Република Македонија Културното и спортско друштво „Преспа – Бирлик" од Малме, Кралството Шведска Повелба на Република Македонија Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски" од Мелбурн, Австралија Повелба на Република Македонија Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј, Австралија Повелба на Република Македонија Ансамблот „Македонка" од Торонто, Канада Повелба на Република Македонија
Одлука 04.06.2015 Црвен крст на Република Македонија Повелба на Република Македонија
Указ бр.17 27.04.2016 Единица за специјални задачи при Министерството за внатрешни работи Орден за воени заслуги
Указ бр.18 27.04.2016 Единица за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи Орден за воени заслуги
Указ бр.19 27.04.2016 Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски, Горан Стојменовиќ, постхумно Медал за храброст
Указ бр.20 06.06.2016 Милош Земан, претседател на Чешката Република Орден „8 Септември"
Указ бр.21 11.07.2016 Лилјана Стоилковска-Андоновска, иселеник од Република Македонија во Кралството Шведска Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.22 11.07.2016 Борче Величковски, иселеник од Република Македонија во Република Србија Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.23 11.07.2016 Иван Трпоски, иселеник од Република Македонија во Австралија Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.24 11.07.2016 Кирил Христовски, иселеник од Република Македонија во Соединетите Американски Држави Медал за заслуги за Македонија
Одлука 11.07.2016 Македонски сојуз во Кралството Шведска Повелба на Република Македонија
Указ бр.25 08.08.2016 Баталјон на Воена полиција при Армијата на Република Македонија Орден за воени заслуги
Указ бр.26 08.08.2016 Инженерски баталјон при Армијата на Република Македонија Орден за воени заслуги
Указ бр.27 08.08.2016 Оддел за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи Орден за воени заслуги
Указ бр.28 08.08.2016 Единица за обука и поддршка при Министерството за внатрешни работи Орден за воени заслуги
Oдлука 09.09.2016 Сојуз на здруженијата на пензионерите на Македонија Повелба на Република Македонија
Указ бр.29 12.10.2016 Народна Банка на Република Македонија Орден за заслуги за Македонија
Одлука 26.10.2016 Асоцијација на здруженија на инженери – Инженерска институција на Македонија Повелба на Република Македонија
Указ бр.30 29.11.2016 Факултет за музичка уметност-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"-Скопје Орден за заслуги за Македонија
Указ бр.31 05.12.2016 Јован Таковски Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.32 23.03.2017 Агенција за разузнавање Орден „Илинден - 1903 година“
Одлука 20.04.2017 Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Повелба на Република Македонија
Указ бр.33 25.04.2017 Македонска опера и балет Орден за заслуги за Македонија
Одлука 05.06.2017 Ракометен клуб „Вардар“ Повелба на Република Македонија
Указ бр.34 05.06.2017 Членовите на Ракометниот клуб „Вардар“ - ракометарите: СТОЈАНЧЕ СТОИЛОВ, AРПАД ШТЕРБИК, ВЛАДО НЕДАНОВСКИ, СТРАХИЊА МИЛИЌ, РОЖИЕРО МОРАЕС ФЕРЕРО, ХОРХЕ МАКЕДА, АЛЕКСАНДР ДЕРЕВЕЊ, ИГОР КАРАЧИЌ, АЛЕКС ДУШЕБАЕВ, ИЛИЈА АБУТОВИЌ, ЈОАН КЕЊЕЛАС, ЛУКА ЦИНДРИЌ, ПЕТРЕ АНГЕЛОВ, ИВАН ЧУПИЌ, ТИМУР ДИБИРОВ, ДАНИИЛ ШИШКАРЕВ, ЈАЊА ВОЈВОДИЌ, МИЈАЈЛО МАРСЕНИЌ, ВУКО БОРОЗАН и
- стручниот тим: РАУЛ ГОНЗАЛЕЗ ГУТИЕРЕЗ, ДАВИД ДАВИС КАМАРА, МАРКО САВОВСКИ, ДИМИТАР МАНЕВСКИ, ВИКТОР СТОЈАНОВ, БИЛЈАНА ЦРВЕНКОСКА, ГОРАН БОЦЕВСКИ, ДАНИЈЕЛ ЈУРИШИЌ, ЕДУАРД КОКШАРОВ, ГОРАН СИМИЌ, РАТКО КАПУШЕВСКИ, ГОРДАНА НАЦЕВА, ДАВОР СТОЈАНОСКИ, СЕРГЕЈ САМСОНЕНКО Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.35 17.08.2017 Команда за обука и доктрини при Армијата на Република Македонија Орден за воени заслуги
Указ бр.36 17.08.2017 Баталјон за почести при Армијата на Република Македонија Орден за воени заслуги
Указ бр.37 17.08.2017 4. Механизиран пешадиски баталјон при Армијата на Република Македонија Орден за воени заслуги
Указ бр.38 04.06.2018 Хајнц Брандл Медал за заслуги за Македонија
Одлука 24.07.2018 Здружение на граѓани „ИЛИНДЕНСКИ МАРШ 1978" Повелба на Република Македонија
Указ бр.39 15.08.2018 1. Механизиран пешадиски баталјон при Армијата на Република Македонија Орден за воени заслуги
Указ бр.40 15.08.2018 Баталјонот за врски при Армијата на Република Македонија Орден за воени заслуги
Указ бр.41 07.09.2018 Јован Павлевски Медал за заслуги за Македонија
Одлука 17.10.2018 Сојуз на извидници на Македонија Повелба на Република Македонија
Указ бр.42 31.01.2019 Мустафа Сани Шенер Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.43 08.02.2019 Акан Сувер Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.44 08.02.2019 Олга Панкина Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.45 08.02.2019 Ханс Лотар-Штепан, постхумно Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.46 08.02.2019 Јан Соколовски Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.47 08.02.2019 Волф Ошлис Медал за заслуги за Македонија
Одлука 08.02.2019 Турска агенција за соработка и координација-ТИКА Повелба на Република Македонија
Указ бр.48 11.02.2019 Виктор Фридман Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.49 11.02.2019 Кристина Крамер Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.50 11.02.2019 Стојан Лекоски Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.51 11.02.2019 Феликс Унгер Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.52 11.02.2019 Карл Фон Хабсбург Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.53 11.02.2019 Исмаил Серагелдин Медал за заслуги за Македонија
Указ бр.54 11.02.2019 Коста Пеев Медал за заслуги за Македонија
Одлука 11.02.2019 Македонија 2025 Повелба на Република Македонија
Указ бр.55 25.02.2019 Емини Џелал Омер Реџепи Мухарем Бујамин Фета Нејази Семир Саљихи Фихат Сељадин Медал за храброст
|