Новости
Писмо со сочувство до Вршителот на должност Претседател на Република Полска Бронислав Коморовски
Понеделник, 12 Април 2010

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов испрати писмо со изрази на сочувство до Бронислав Коморовски, Маршалек на Сејмот - Вршител на должност Претседател на Република Полска, по повод огромната трагедија што се случи во Смоленск во која животот го загуби Претседателот Качински и високи претставници на државната елита на Република Полска.

Во писмото, Претседателот Иванов во име на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име изрази најдлабоко сочувство до полскиот народ, до семејството на Претседателот Качински и до семејствата на трагично настраданите во несреќата.

- Република Македонија ја почувствува болката и знае како е на ваков трагичен начин да загуби лидер и државник. Се уште во нашите мисли и спомени живее ликот и делото на Претседателот Трајковски. Сигурен сум дека името на Претседателот Качински ќе остане длабоко врежано во меморијата на полскиот народ. Нашите срца и мисли се со Вас, пишува во писмото од Претседателот Иванов.

Доделување на „Орден за заслуги за Македонија“ на Есма Реџепова Теодосиевска
Вторник, 06 Април 2010
Честитка по повод еврејскиот празник Песах
Понеделник, 29 Март 2010

Честитка на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов до припадниците на еврејската заедница во Република Македонија по повод празникот Песах

Почитувани,

Дозволете ми да во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, Вам лично и на припадниците на еврејската заедница во Република Македонија да ви го честитам празникот Песах, кој е  симбол на непокорноста и желбата за слобода на еврејскиот народ.

Посакувајќи овие празнични денови да ги поминете во мир, среќа и радост би сакал да истакнам дека како Претседател на Република Македонија го ценам големиот придонес на еврејската заедница кон продлабочувањето и унапредувањето на меѓуетничките, интеркултурните и меѓурелигиозните односи во Република Македонија.

Длабоко сум убеден дека, како и досега и во иднина, еврејската заедница ќе продолжи да го дава својот активен придонес за севкупниот развој на Република Македонија, како и за негувањето и продлабочување на добрите и пријателски односи што Република Македонија ги има со Државата Израел.

Честитајќи ви го уште еднаш овој голем празник примете ги моите најискрени желби за мир и благосостојба.


Д-р Ѓорге Иванов

 
Почеток < Пред 191 192 193 194 195 196 197 198 Следно > Крај
Страница 196 од 198