Писмо со сочувство до Вршителот на должност Претседател на Република Полска Бронислав Коморовски
Понеделник, 12 Април 2010   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов испрати писмо со изрази на сочувство до Бронислав Коморовски, Маршалек на Сејмот - Вршител на должност Претседател на Република Полска, по повод огромната трагедија што се случи во Смоленск во која животот го загуби Претседателот Качински и високи претставници на државната елита на Република Полска.

Во писмото, Претседателот Иванов во име на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име изрази најдлабоко сочувство до полскиот народ, до семејството на Претседателот Качински и до семејствата на трагично настраданите во несреќата.

- Република Македонија ја почувствува болката и знае како е на ваков трагичен начин да загуби лидер и државник. Се уште во нашите мисли и спомени живее ликот и делото на Претседателот Трајковски. Сигурен сум дека името на Претседателот Качински ќе остане длабоко врежано во меморијата на полскиот народ. Нашите срца и мисли се со Вас, пишува во писмото од Претседателот Иванов.

  Back<<Назад