Македонски студентски игри
Вторник, 13 Април 2010   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска во Охрид ги отвори 13-те Македонски Студентски Игри, кои што се одржуваат во организација на Студентскиот парламент на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, каде што учество земаа 800 студенти од Р.Македонија, Р.Србија, Р.Хрватска, Р.Бугарија, Р.Босна и Херцеговина.

Претседателот Иванов ги поздрави учесниците посочувајќи дека по паѓањето на шенгенската бариера младите луѓе имаат можност да се дружат и комуницираат, разменуваат идеи, да се запознаат со различните образовни системи. Настанот кој по составот на учесниците е регионален претставува можност за студентите, како иднина на државата, да разменуваат идеи и да размислуваат за подобрување на општеството во кое живеат, истакна Претседателот Иванов.

  Back<<Назад