Новости
dojran
Претседателот Иванов во посета на јужната граница
Петок, 23 Ноември 2018

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, денеска беше во посета на јужната граница на Република Македонија, за да се информира за тековните состојби и активностите што се преземаат од страна на Армијата на Република Македонија, Агенцијата за разузнавање, ЦУК, Граничната полиција и контингентот на странските полициски сили, како субјекти вклучени во соочувањето со нелегалната миграција.

Претседателот Иванов изврши обиколка на караулата Богородица и привремениот транзитен центар во близина на Гевгелија, на капацитетот за сместување на припадниците на АРМ во Богданци, како и на караулата Езеро во Дојран.

За време на посетатa на караулата Богородица, претседателот Иванов изврши увид во моменталната состојба на македонско-грчката граница. Од страна на припадниците на АРМ беше информиран за обидите за нелегално минување на државната граница во изминатиот период, како и за тактичките мерки и активности кои се применуваат во спречувањето на нелегални минувања на јужната граница. Од страна на надлежните институции беше посочено дека во изминатите 3 месеци е спречен обид на околу 3300 илегални преминувања на јужната граница од мигранти, кои во најголем број доаѓаат од Блискиот Исток.05

Претседателот Иванов го посети и привремениот транзитен центар во Гевгелија, каде беше информиран за работата на хуманитарните организации, од страна на ангажираните во Црвениот Крст, Меѓународната организација за миграција, Агенцијата за бегалци при ОН, кои се распоредени таму и притоа изрази поддршка за нивниот континуиран придонес и ангажман.

Македонскиот претседател разговараше и со мигранти кои во моментот престојуваат во транзитниот центар, и се информираше за условите и третманот кои тие го добиваат за време на нивниот престој во центарот. Воедно, претседателот Иванов се сретна и со полициските припадници на странски држави, кои се распоредени во контролирањето на теренот на јужната граница, во поддршка на македонските безбедносни сили.

Во рамките на обиколката на јужната граница, македонскиот претседател ги посети и објектот за сместување на припадниците на АРМ во Богданци и караулата Езеро во Дојран. При тоа беше информиран за моменталните состојби, предизвиците и начинот на ангажирање на припадниците, во однос на справување со обидите за илегални преминувања на тој дел од нашата јужна граница, како и за условите за сместување и работа на припадниците на Армијата на Република Македонија.

karaula_bogorodica_2

WAC1
Претедателот Иванов прогласен за почесен член на Советот за светски прашања во Јордан
Среда, 21 Ноември 2018

Претседателот Иванов вечерва во Аман, беше прогласен за почесен член на „Советот за светски прашања", независна научна институција која се занимава со прашања од интернационален карактер. Пред членовите на Советот, македонскиот претседател одржа предавање на тема: „Балканот, Кавказот и Блискиот Исток: Бермудскиот триаголник на Европа".

Во своето предавање, македонскиот претседател порача дека многу иницијативи, проекти и преговори кои биле наменети за регионите на Балканот, Кавказот и Блискиот Исток пропаднале, нагласувајќи дека во овие региони живеат многу етнички, јазични и религиски групи. Според македонскиот претседател овие се места каде што се испреплетуваат и каде што се допираат поранешните империи, со што настанувале и конфилкти.

„Но каде што биле империите, таму се создавал и отворен простор. Луѓето немале граници и затоа најчесто тие го користиле целиот простор. Балканот е врската меѓу Европа и Блискиот Исток", рече претседателот Иванов.

Историјата, според него, покажала дека овие регионите живееле во релативен мир и благосостојба, во време кога се дел од отворен простор и затоа е потребна интеграцијата.

„Кој комуницира тој се интегрира, кој не комуницира тој се гетоизира и му требаат непријатели. Меѓу Балканот, Кавказот и Блискиот исток за време на империите немало граници. Луѓето слободно можеле да комуницираат да се запознаваат и меѓусебе да тргуваат", рече македонскиот претседател.

Претседателот Иванов во своето предавање потсети дека и Македонија е домаќин на Светските конференции за дијалог меѓу религиите и цивилизациите и порача дека нашата држава е голем поддржувач и активен учесник во Алијансата на цивилизациите, чија мисија е да промовира дијалог.

Претходно, претседателот Иванов го посети Бирото за дизајн и развој на Кралот Абдула Втори.

Со предавањето во Советот за светски прашања во Аман, претседателот Иванов ја заврши официјалната посета на Хашемитското Кралство Јордан, за време на која со највисоки државни и воени почести беше примен од Кралот Абдула Втори Ибн Ал Хусеин, а оствари средби и со јорданскиот премиер, д-р Омар Разар, со претседателот на Сенатот, г. Фаисал Ел-Фајез и со спикерот на Претставничкиот дом г. Атеф Таравнех.

WAC2

1._Jordan-premier_1
Претседателот Иванов на средби со јорданскиот државен врв: Сеопфатна и партнерска соработка меѓу Македонија и Јордан
Понеделник, 19 Ноември 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на официјалната посета на Хашемитското Кралство Јордан, денеска во Аман, оствари средби со премиерот на Кралството Јордан, д-р Омар Разар, со претседателот на Сенатот, г. Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом г. Атеф Таравнех, како и со членови на Претставничкиот дом.

На средбата со јорданскиот премиер Разар, претседателот Иванов истакна дека уште од воспоставувањето на дипломатските односи, Република Македонија се стреми кон стабилни и пријателски релации со Хашемитското Кралство Јордан.

Македонскиот претседател изрази надеж дека со интензивирањето на политичкиот дијалог, ќе се отвори можност за натамошна идна соработка во сферата на економијата, безбедноста, културата и образованието, преку потпишување на меѓу-владини договори и унапредување на правната рамка.

Претседателот Иванов и премиерот Разар разменија мислења и во однос на бегалската и мигрантската криза и се осврнаа на предизвиците на Блискиот Исток и на состојбите во Европа. Во тој контекст, македонскиот претседател го поздрави важниот придонес што Кралството Јордан го има во рамките на хуманитарниот аспект на кризата и згрижувањето на бегалците, нагласувајќи дека Република Македонија ги поддржува напорите за постигнување на траен мир на Блискиот Исток.

На средбата со претседателот на Сенатот, г. Фаисал Ел-Фајез и со спикерот на Претставничкиот дом г. Атеф Таравнех, претседателот Иванов изрази уверување дека оваа официјална посета ќе ѝ даде нов импулс на севкупната соработката меѓу Република Македонија и Кралството Јордан во сите сфери од заеднички интерес и дека меѓусебното пријателство ќе продолжи да се развива. Претседателот Иванов го истакна фактот дека се поставени темелите за сеопфатна и партнерска соработка на долг рок. Првите луѓе на јорданскиот парламент ја изразија подготвеноста за унапредување на парламентарна соработка меѓу Република Македонија и Хашемитското Кралство Јордан.
2._Jordan_-_senat_2

Jordan-mainpage
Официјална посета на Хашемитското Кралство Јордан – претседателот Иванов на средба со јорданскиот крал, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин
Недела, 18 Ноември 2018


Jordan18112018Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во Аман беше примен со највисоки државни и воени почести од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин, во рамки на неговата официјална посета на Јордан.

На средбата стана збор за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Јордан, а беа разгледани можностите за нивно продлабочување во повеќе области од заеднички интерес.

„За нас е од огромно значење што вие ја признавте Република Македонија под нејзиното уставно име. Тоа многу значи за нас и за нашиот народ, особено за многу Македонци кои живеат во Јордан. Ние како две земји, иако сме на различни простори, и Македонија на Балканот и Јордан на Блискиот исток, се земји кои покажуваат модел на успешен соживот. Хашемитското Кралство Јордан претставува позитивен пример кој придонесува за стабиноста на Блискиот Исток. Затоа, со задоволство можам да истакнам дека соработката на нашите две држави на полето на разузнавањето, размената на информациите за заканите од Блискиот Исток кои доаѓаат во Европа се од огромно значење за нас. За разлика од другите држави кои ја толерираат различноста, во Јордан и во Македонија таа се почитува. Почитувањето на различноста е многу повозвишена филозофија од толеранцијата", рече претседателот Иванов.

„Во мое име, во името на Владата и на народот на Јордан ви посакувам добредојде. Ова е важна посета за нас. Ова е можност за нас да ги надградиме разговорите што ги имавме во Обединетите Нации пред неколку месеци. Главната работа е што имаме силни врски преку нашите студенти што одат во вашата земја и се надевам дека со вашето присуство тука можеме да идентификуваме различни области што можат уште повеќе да не зближат. Политички, имаме многу добри односи, исто така на разузнавачко ниво, и на воено ниво имаме oдредена соработка. Почестени сме што ве имаме тука и би сакал да ви посакам топло добредојде на вас и на вашата делегација и посакувам успех", рече јорданскиот крал Абдула Втори на средбата со претседателот Иванов.

Во рамки на посетата на Јордан, претседателот Иванов ќе оствари средби со премиерот на Кралството Јордан, д-р Омар Разар, со претседателот на Сенатот, г. Фаисал Ел-Фајез, со спикерот на Претставничкиот дом г. Атеф Таравнех, како и со членовите на Претставничкиот дом.

За време на посетата на Јордан, македонскиот претседател ќе одржи предавање во Советот за светски прашања, на тема: „Балканот, Кавказот и Блискиот Исток: Бермудскиот триаголник на Европа", и ќе го посети Бирото за дизајн и развој на Кралот Абдула.

Македонскиот претседател во Јордан е придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, којашто оствари средба со Кралицата на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Ранија Ал Абдула. Во рамки на Дамската програма г-ѓа Иванова ќе ги посети Фондацијата „Jordan River", невладина организација чијшто фокус е безбедноста на децата и зајакнување на заедницата, како и Детскиот музеј „Јордан", кои се основани од Кралицата Ранија.

zlatno_slavejce_2
Прием за учесниците на 48-то издание на детскиот фестивал „Златно славејче“
Сабота, 17 Ноември 2018
PRM_Ivanov_Makron_01
Претседателот Иванов на одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна
Недела, 11 Ноември 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на покана на Францускиот претседател г. Емануел Макрон, денеска во Париз присуствуваше на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна.

Претседателот Иванов и сопругата, г-ѓа Маја Иванова, изутрината беа пречекани во Елисејската палата од францускиот претседател Макрон и неговата сопруга, г-ѓа Брижит Макрон, по што заедно со присутните шефови на држави и влади се упатија кон Триумфалната капија, каде што се одржа централната свеченост по повод стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна. На церемонијата каде што свое обраќање имаше Претседателот на Француската Република, г. Емануел Макрон присуствуваа над 80 шефови на држави, влади и меѓународни организации, меѓу кои американскиот претседател, Доналд Трамп, претседателот на Европката Комисија Жан Клод Јункер, Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, германскиот канцелар, Ангела Меркел, рускиот претседател, Владимир Путин, претседателите на Србија, Албанија, Косово, и Бугарија, Александар Вучиќ, Илир Мета, Хашим Тачи и Румен Радев, грчкиот премиер, Алексис Ципрас, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган итн.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, вчеравечер присуствуваше на свечената вечера, што за учесниците на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, ја приреди Претседателот на Француската Република, г. Емануел Макрон.

Ceremonija_100_godini_Prva_svetska_vojna_02


 
Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај
Страница 7 од 198