Соопштенија
PRM_Viorika__Romanija
Средба на претседателот Иванов со г-а Виорика Данчила, претседател на Владата на Романија
Петок, 27 Јули 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ja прими г-а Виорика Данчила, претседател на Владата на Романија.

Двајцата соговорници констатираа дека односите меѓу двете земји ги карактеризира висок степен на пријателство, конструктивен и отворен политички дијалог.

На средбата беа разменети мислења за актуелните политички случувања во Република Македонија и во Романија и за предизвиците со кои се соочува регионот на Југоисточна Европа.  Претседателот Иванов потенцираше дека мирот, стабилноста и безбедноста на регионот се од клучно значење за целиот европски континент. За таа цел е неопходно јакнење на регионалната соработка и јакнење на меѓусебната доверба и поддршка, порача на средбата претседателот Иванов.

Двајцата соговорници разменија мислења за стратешките цели и надворешно политички приоритети на Република Македонија и изразија подготвеност за натамошно продлабочување на соработката на билатерален, регионален и мултилатерален план.

На средбата беа разменети мислења и информации во врска со можностите за натамошно продлабочување на билатералната соработка меѓу двете држави, во сите области од заемен интерес, а посебен акцент беше ставен на потребата од јакнење на економската соработка.

AKREDITIVI_BRITANIJA
Предавање на акредитивни писма од страна на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија
Четврток, 26 Јули 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска во Вила Билјана во Охрид ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија.

На предавањето на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Н.Е. г-а Рејчел Галовеј, претседателот Иванов оцени дека постои заеднички интерес за натамошно интензивирање на одличните билатерални односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство и го потенцираше интересот на Република Македонија за интензивирање на економската соработка и размена.

„Оваа година, Република Македонија одбележува 25 години од воспоставување дипломатски односи со Вашата земја. Од 1993 година, Македонија и Обединетото Кралство во континуитет градат пријателски релации особено во контекст на британската поддршка и помош за Република Македонија и за нејзиниот пат кон Европската Унија и НАТО. Во оваа свечена пригода би сакал да истакнам дека граѓаните на Република Македонија се посебно благодарни за поддршката што Обединетото Кралство ја дава во остварувањето на македонските стратешки приоритети", рече претседателот Иванов.

Амбасадорката Галовеј истакна дека Обединетото Кралство е долгогодишен и искрен партнер на Република Македонија и поддржувач на апсирациите на земјата за членство во Европската Унија и во НАТО.

AKREDITIVI_SAUDISKA_ARABIJA„Западниот Балкан е значаен регион за Обединетото Кралство, што го покажавме со неодамнешниот самит во Лондон на којшто нашиот премиер беше домаќин. Ние ја зголемуваме нашата поддршка и за Македонија и за регионот со цел да ги поддржиме вашите напори за градење просперитет во безбедно и стабилно соседство. Успехот во овие области ќе биде од корист за Обединетото Кралство и за Европа како целина", рече амбасадорката Галовеј.

На средбата со новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија во Република Македонија, со седиште во Тирана, Н.Е. г. Абдулмомен бин Мохамед Шараф, македонскиот претседател го потенцираше интересот на Република Македонија за унапредување на севкупната соработка со Кралството Саудиска Арабија, особено во делот на економската соработка и трговската размена. Претседателот Иванов изрази уверување дека амбасадорот Шараф со своето дипломатско и професионално искуство ќе придонесе во развивањето на билатералните односи меѓу двете земји.

Претседателот Иванов на новоименуваните амбасадори им честита за функцијата и им посака успех во вршењето на одговорната дипломатска должност.

PRM_socustvo
Писмо со сочувство до претседателот на Република Грција, г. Прокопис Павлопулос, по повод катастрофалните пожари
Вторник, 24 Јули 2018
PRC1
Средба со г. Џанг Чингли, потпретседател на Националниот комитет на кинескиот политички и консултативен совет
Сабота, 07 Јули 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Џанг Чингли, потпретседател на Националниот комитет на кинескиот политички и консултативен совет.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатарални односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, во годината кога се одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи.

Двајцата соговорници изразија задоволство од постигнатиот исклучителен напредок во севкупните билатерални односи, и беше констатирано дека постојат огромни потенцијали за натамошно продлабочување на соработката, особено на економски, културен и образовен план.

Претседателот Иванов на средбата посочи дека негувањето на долгогодишното пријателство, јакнењето и унапредувањето на искреното партнерство со Народна Република Кина е трајна определба на Република Македонија.

Македонскиот претседател ја повтори позицијата на Република Македонија за поддршка на политиката „Една Кина", како основа за натамошно продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји.

На средбата претседателот Иванов изрази задоволство од успешниот политички дијалог во рамки на процесот на соработка на НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа во форматот 16+1, посочувајќи дека Република Македонија има активна и конструктивна улога во процесот.

Претседателот Иванов посочи и на важноста од зајакнување на соработката на двете земји во рамки на иницијативата „Еден појас, еден пат", преку реализација на конкретни заеднички проекти во инфраструктурата и енергетиката.

PRC2

PRM_grb
Соопштение од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
Петок, 06 Јули 2018

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, најостро ги демантира лагите изнесени од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев во интервјуто https://www.youtube.com/watch?v=3pEuRSWFEQA за грчката телевизија ЕРТ, дека претседателот Иванов ќе го поддржи Договорот со Грција.

Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската, туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО, не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање на штетен Договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ.

Македонскиот претседател не прифаќа Договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија. Ставот на претседателот Иванов е непроменет и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани.

KabinetPRM
Реакција од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на изјавата на г. Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ
Четврток, 28 Јуни 2018

Тврдењето на г. Костадин Костадинов, пратеник на СДСМ, дека претседателот Иванов ги блокира назначувањата на амбасадорите на Република Македонија е голема лага и манипулација, со цел дефокусирање на јавноста и обид за вршење притисок врз македонскиот претседател, поради неговиот став за Законот за ратификација на Спогодбата со Грција.

Доколку политичката партија СДСМ има забелешки за постапката и процедурите за именување на амбасадори, ја упатуваме на одговори во Кабинетот на министерот за надворешни работи.

Ја информираме јавноста дека за сите предлог-кандидати за амбасадори, за кои претходно е постигната согласност со Министерството за надворешни работи, постапките за нивно именување се во тек. Согласно законските процедури, за дел од прифатените и усогласени предлози, постапките за нивно именување се завршени и дипломатите се веќе упатени на извршување на амбасадорската должност.

За изјавата на г. Костадинов дека „претседателот Иванов дејствува само кога треба да аболицира криминалци", потсетуваме дека на таа листа на помилувани се наоѓа и г. Зоран Заев, кој е помилуван два пати, а претходно и аболициран од поранешниот претседател Црвенковски. Оттука, благодариме на искреноста на политичката партија СДСМ што својот лидер го третира како криминалец.

За нас е нејасно, како може политичката партија СДСМ во денешните три јавни настапи со обвинувања кон претседателот Иванов, ниту еднаш да го напише или спомене уставното име на нашата држава, Република Македонија.

Соопштение -
http://sdsm.org.mk/News.aspx?idNews=15566&lng=1

Прес конференција - http://sdsm.org.mk/News.aspx?idNews=15567&lng=1

Соопштение - http://sdsm.org.mk/News.aspx?idNews=15568&lng=1

Од друга страна, јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и цврсти ставови во одбрана на достоинството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, а во врска со непотпишувањето на Указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата со Грција.

 
Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај
Страница 12 од 175