| Писмо од новоизбраниот претседател на Република Бугарија Плевнелиев до претседателот Иванов | |
|
|
Ваша Екселенцијо, Примете ја мојата искрена благодарност за Вашите честитки по повод мојот избор за Претседател на Република Бугарија. Сакам да ве уверам дека Република Македонија и понатаму може да смета на поддршката од страна на Република Бугарија, и лично од мене, на патот кон својата европска и евроатланска интеграција. Искрено се надевам дека односите меѓу Република Бугарија и Република Македонија ќе продолжат активно да се развиваат врз основа на споделените заеднички европски вредности за добрососедство и соработка. Ја користам приликата да ви посакам Вам и на граѓаните на Република Македонија среќа, просперитет и благосостојба. Со почит, Росен Плевнелиев
|
Новоизбраниот претседател на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, испрати писмо со благодарност до претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов за упатените честитки по повод неговиот избор:










