| Сочувство до семејството на Александар Трајковски, брат на покојниот претседател Борис Трајковски | |
|
|
Со големо жалење ја примив веста за смртта на вашиот сопруг и татко Александар Трајковски и длабоко жалам за вашата ненадоместлива загуба. Дозволете ми, да ви упатам изрази на искрено сочувство и да ве охрабрам во поднесувањето на тешката загуба. Зборовите никогаш не можат да ја избришат празнината, меѓутоа секогаш помагаат во поднесувањето на истата, знаејќи дека искрените пријатели ја споделуваат вашата тага. Почитувани, во моментот на оваа огромна тага за вашето семејство, ви ја праќам поткрепата со мисли и молитви, надевајќи се дека Бог ќе ве благослови и ќе ви ја даде потребната сила и храброст да ја пребродите огромната тага. Со изрази на најдлабоко сочувство, д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов по повод смртта на Александар Трајковски, братот близнак на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски, испрати писмо на сочуство до неговото семејство:










