| Честитка до Емирот Ал Тани по повод Националниот празник на Државата Катар | |
|
|
Ваше Височество, Срдечно поздравувајќи Ве, дозволете ми, во име на граѓаните на Република Македонија и во свое име, да Ви го честитам Националниот празник на Државата Катар. Истовремено, Ви упатувам најискрени желби за добро здравје, лична среќа, како и за благосостојба и просперитет на Вашата земја и на нејзините граѓани. Ваше Височество, дозволете ми, и во оваа прилика да го искажам задоволството од континуираниот развој на односите и соработката, како и од постојаното продлабочување на политичкиот дијалог меѓу Република Македонија и Државата Катар. Нашите неодамнешни средби во Скопје и во Доха претставуваат уште едно потврдување за пријателските чувства што ги поврзуваат нашите две земји и народи. Верувам дека ни претстои период на продолжување на започнатиот дијалог и за натамошно збогатување и интензивирање на соработката, особено во економската сфера. Упатувајќи Ви ги изразите на моето највисоко почитување, дозволете ми, Ваше Височество, да Ви посакам натамошен успех во работата, добро здравје и лична среќа. Д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод Националниот празник на Државата Катар испрати честитка до Неговото Височество Шеик Хамад бин Халифа ал Тани, Емир на Државата Катар.










