| Честитка до претседателот Иво Јосиповиќ по повод пристапувањето на Хрватска кон Европската Унија | |
|
|
Почитуван господине Претседателе,
Ве молам да ги примите топлите и срдечни поздрави од Република Македонија како и изразите на моето највисоко почитување. Хрватскиот претседател Јосиповиќ, со писмо и благодарност возврати на честитките на својот македонски колега: Почитуван господине Претседателе, Најсрдечно се заблагодарувам на честитката која Вие ја упативте по повод потпишувањето на Договорот за пристапување на Република Хрватска во Европската Унија во Брисел на 9 декември годинава. Ова е навистина значаен историски настан за Република Хрватска, Европската Унија но и за целиот регион. Длабоко сум уверен дека Република Хрватска со своите постигнувања и успеси, покажа на другите земји од регионот дека со упорност и заложби може да се достигне посакуваната цел и дека им даде силен поттик во евроатлантските интеграции и заедничката иднина во европското семејство. Бидете уверени дека Република Хрватска ќе продолжи да се залага во работата и комуникацијата со своите европски пријатели и партнери да поттикне пристап за Вашата земја во Европската Унија, а за тие потреби Република Хрватска е спремна да ги сподели своите поучни искуства за интензивирање на сеопфатните реформи со сите оние на кои може тоа искуство да им биде од корист. Примете ги господине Претседателе, мојата почит и пријателските поздрави. Иво Јосиповиќ
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов испрати честитка до неговиот колега д-р Иво Јосиповиќ, по повод официјалното пристапување на Република Хрватска кон Европската Унија:










