| Писмо од рускиот претседател Дмитриј Медведев до претседателот Иванов | |
|
|
Ме радува, дека во последно време односите меѓу нашите земји се активираа во однос на неколку значајни насоки. Според нашето мислење посебно внимание треба да се посвети на перспективни сфери од заемен интерес- на енергетската и инвестиционата. Со брзо темпо се развива работата во однос на Меѓувладината комисија за трговско-економската и научно-техничката соработка. Во таква позитивна клима сметам дека подгототвката на документот за темелите на билатералните односи секако е многу значајна. Нашите експерти детално го подготвуваат овој документ, кој е повикан да го истакне постигнатото ниво на ефикасно заедничко дејствување, како и да го подигне дијалогот на повисоко ниво. До крајот на годината конкретни предлози ќе бидат испратени до Македонската страна по дипломатски пат. Уверен сум дека достигнувањето на конкретни резултати во приоритетните сфери на соработка, ќе придонесат за развој на руско-македонските врски, вклучувајќи ги контактите на највисоко ниво. Исто така, сметам дека понатамошното зближување меѓу нашите земји ќе даде придонес за стабилноста и безбедноста како во Балканскиот регион, така и во целата Европа. Со најдобри желби,
|
Сакам да Ви се заблагодарам за Вашето писмо од 2 ноември оваа година. Ги споделувам во него изречените високи оценки на резултатите од нашите средби во Москва и во Санкт-Петербург минатата година.










