Честитка до претседателот Топи по повод Денот на независноста на Република Албанија
Понеделник, 28 Ноември 2011   

altПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод Денот на независноста на Република Албанија испрати честитка до Претседателот на Република Албанија, Бамир Топи.

Почитуван господине Претседател,

Ми претставува особено задоволство по повод Денот на независноста на Република Албанија, во мое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки со желби за натамошен просперитет на Вашата земја и благосостојба на нејзините граѓани.

Убеден сум, дека во периодот што следи со заеднички напори, но и со зголемена динамика ќе ги користиме сите можности за јакнење на односите и збогатување на севкупната соработка. Традиционалното пријателство меѓу нашите две пријателски земји и народи, заедничките заложби за стабилност и просперитет на нашиот регион, нè обврзуваат да ги развиваме и унапредуваме таквите односи и подобро да ги искористуваме постоечките можности за поинтензивна соработка.

Дозволете ми, господине Претседателе, да Ви ги пренесам топлите и срдечни поздрави од Република Македонија и да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.

 


Д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад