|
Оглас за волонтирање во Народната Канцеларија на Претседателот Иванов
|
|
Понеделник, 28 Ноември 2011
|
|
|
Согласно Одлуката за организација и делокруг на работата на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 30/2000; 9/2001 и 41/2010) и Одлуката за формирање на народни канцеларии бр: 07-434/1 од 15.03.2010 година, распишува:
ОГЛАС за волонтирање во Народната Канцеларија на Претседателот на Република Македонија
Со цел приближување на работата на Претседателот на Република Македонија до младите, а воедно и укажување на можност за стекнување на работно искуство со кое би можеле полесно да конкурираат на пазарот на трудот, Кабинетот на Претседателот овозможува волонтирање на заинтересираните, во народните канцеларии во Скопје, Тетово и Битола. Правата и обврските на лицата ангажирани во работата на Народната Канцеларија ќе се регулираат согласно Законот за волонтерство („Службен весник на Република Македонија“ бр.85/07 и 161/08) По завршување на волонтирањето, Кабинетот на Претседателот не презема обврска за вработување на волонтерите. Заинтересираните кандидати треба да достават писмо за интерес, кратка биографија и копија од индекс или уверение за завршено високо образование на адреса: Кабинет на Претседател на Република Македонија, „Вила Водно“ ул. Ацо Караманов бб 1000 Скопје најдоцна до 31 декември 2011 година.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани.
|