Честитка до претседателот Басеску по повод Националниот празник на Романија
Четврток, 01 Декември 2011   

altПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод Националниот празник на Романија испрати честитка до Претседателот на Романија, Трајан Басеску.

Почитуван господине Претседателe,
Драг пријателе,

Ми претставува особено задоволство, по повод Националниот празник на Романија, во име на граѓаните на Република Македонија и во свое име, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за натамошен просперитет на Вашата земја и благосостојба на нејзините граѓани.

Почитуван Претседателе, дозволете ми и во оваа прилика да го искажам задоволството од постојаното продлабочување на билатералните односи и соработка, како и од континуираниот политички дијалог меѓу Република Македонија и Романија.

Република Македонија и јас, лично, посебно ја цениме поддршката од Романија на патот кон целосно интегрирање на мојата земја во евроатлантските структури. Верувам дека таквата поддршка нема да изостане и во наредниот клучен период, во пресрет на Европскиот совет, кога се надеваме дека ќе ни биде одреден датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

Ве молам да ги примите, господине Претседателе, топлите и срдечни поздрави од Република Македонија и изразите на моето највисоко почитување.


Д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад