Честитка до граѓаните од албанската етничка заедница по повод Денот на албанската азбука
Вторник, 22 Ноември 2011   

altПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод 22 ноември, Денот на албанската азбука упати честитка до припадниците на албанската етничка заедница во Република Македонија.

Почитувани сограѓани,

Ми претставува особена чест и задоволство да Ви го честитам 22 ноември, Денот на албанската азбука.

Благодарение на Конгресот во Битола пред 103 години албанскиот народ конечно го заврши макотрпниот пат до конечна унифицирана азбука отворајќи ново поглавје во својот национален и културен развој.

Во оваа пригода, би сакал да упатам порака до Вас и до сите граѓани на Република Македонија дека азбуките и јазикот се основните елементи на националното идентификување, но и исто така и мост за соживот, меѓусебно разбирање и толеранција. Токму ова се и основните столбови  на македонското општество и оттука Денот на албанската азбука е значаен за сите граѓани на Република Македонија.

Цврсто сум убеден дека и во иднина припадниците на албанската заедница во Република Макеоднија со својата богата традиција и култура ќе продолжат да придонесуваат за просперитетна иднина и благосостојба на сите граѓани на Република Македонија.


Д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад