|
Честитка до московскиот и руски патријарх Кирил по повод неговиот роденден
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати честитка до Патријархот Московски и на цела Русија Кирил по повод неговиот 65-ти роденден: Ваша светост, Дозволете ми од мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија да Ви го честитам вашиот роденден и да ви посакам многу здравје, среќа и благодет. Ја користам оваа свечена пригода да ја нагласам мојата увереност дека со вашите залагања придонесувате за натамошно интензивирање и збогатување на односите помеѓу македонската и руската православна црква како и воопшто на односите помеѓу нашите два народи кои ги поврзува богата заедничка историја. Упатувајќи Ви уште еднаш искрени честитки за Вашиот роденден, Ви упатувам срдечни поздрави од Република Македонија и изрази на највисока почит.
д-р Ѓорге Иванов
|