|
Средба со академиците Алиу, Старова и Абази
|
|
Понеделник, 21 Ноември 2011
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денес, во пресрет на Денот на Албанската абука – 22 ноември, ги прими членовите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) - д-р Али Алиу, д-р Луан Старова и д-р Алајдин Абази. Академиците го поздравија овој гест на Претседателот, изразувајќи задоволство од можноста да поразговараат со него за значењето на Конгресот за унификација и стандардизација на Албанскиот јазик, кој во 1908 година се одржа во Битола, како и за повеќе актуелни теми од културниот и општествениот живот, значајни за граѓаните Албанци во Република Македонија. Претседателот Иванов изрази подготвеност овие средби да прераснат во традиционални. Тој во оваа прилика на академиците, но и на сите граѓани од албанска националност им го честиташе Денот на албанската абука. Претседателот Иванов истакна дека и во иднина ќе продолжи редовно да се среќава со личности од општествениот, културниот и социјалниот живот на Албанците во Република Македонија, како и да ги поддржува нивните предлози и иницијативи.
|