Честитка до Принцот алберт Втори по повод Националниот празник на Кнежеството Монако
Сабота, 19 Ноември 2011   

altПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод Националниот празник на Кнежевството Монако испрати честитка до Неговото Височество, Принцот Алберт Втори.

Ваше Височество,

Ми претставува особена чест и големо задоволство, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам најсрдечни честитки по повод Националниот празник на Кнежеството Монако и воедно да Ви посакам добро здравје, лична среќа и натамошна успешна работа.

По враќањето во мојата земја, сакам најљубезно да Ви се заблагодарам за топлиот и срдечен пречек и укажаното гостопримство кон мене и мојата делегација во Кнежевството Монако. Во оваа свечена прилика, би сакал повторно да ја изразам подготвеноста на Република Македонија за натамошно интензивирање на односите и продлабочување на соработката со Кнежевството Монако, во сите области од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Верувам дека преку воспоставувањето на дипломатски односи ќе можеме поуспешно да ги развиваме и користиме можностите за соработка.

Со надеж дека наскоро ќе имам можност да Ве поздравам во Република Македонија, Ве молам, Ваше Височество, да ги примите изразите на моето највисоко почитување.


Д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад