| Честитка до претседателот Бержињс по повод Денот на независноста на Република Латвија | |
|
|
Ваша Екселенцијо,
Имам особена чест и задоволство, по повод Денот на независноста на Република Латвија, во име на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име, да Ви упатам најсрдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата земја и за благосостојба на пријателскиот народ на Република Латвија.
Дозволете ми да ја искористам оваа свечена прилика и да го изразам задоволството од досегашниот развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Република Латвија.
Изразувајќи ја својата увереност, дека односите меѓу нашите две земји и во иднина успешно ќе се развиваат и надградуваат, во духот на заедничките заложби за демократска, стабилна, обединета и просперитетна Европа, дозволете ми, Ваша Екселенцијо, да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.
Д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод Денот на независноста на Република Латвија испрати честитка до Претседателотна Република Латвија, Андрис Бержињс.










