Честитка до претседателот Бержињс по повод Денот на независноста на Република Латвија
Friday, 18 November 2011 13:46   
There are no translations available.

altПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод Денот на независноста на Република Латвија испрати честитка до Претседателотна Република Латвија, Андрис Бержињс.

 

Ваша Екселенцијо,

 

Имам особена чест и задоволство, по повод Денот на независноста на Република Латвија, во име на граѓаните на Република Македонија и во мое лично име, да Ви упатам најсрдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата земја и за благосостојба на пријателскиот народ на Република Латвија.

 

Дозволете ми да ја искористам оваа свечена прилика и да го изразам задоволството од досегашниот развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Република Латвија.

 

Изразувајќи ја својата увереност, дека односите меѓу нашите две земји и во иднина успешно ќе се развиваат и надградуваат, во духот на заедничките заложби за демократска, стабилна, обединета и просперитетна Европа, дозволете ми, Ваша Екселенцијо, да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.

 

 

Д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад