|
Честитка до претседателот на претседателството Комшиќ по повод Националниот ден на Босна и Херцеговина
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов по повод Националниот ден на Босна и Херцеговина испрати честитка до Жељко Комшиќ, Претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина. Почитуван господине Претседавач, По повод Националниот ден на Босна и Херцеговина, ми претставува особена чест и задоволство, во име на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам најсрдечни честитки и желби за натамошен просперитет на Вашата земја и благосостојба на нејзиниот народ. Во оваа свечена прилика би сакал да го истакнам моето длабоко уверување дека традиционално добрите односи меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина и натаму успешно ќе се развиваат во интерес на двете земји. Сигурен сум дека во периодот што следи, со заеднички ангажман ќе продолжиме да го даваме својот придонес кон обезбедувањето на регионалната стабилност и просперитет. Останувајќи во пријатно сеќавање од нашата неодамнешна средба во Република Македонија, дозволете ми, господине Претседавач, да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување. Д-р Ѓорге Иванов
|