|
Честитка до претседателот Јоаким Гаук по повод Националниот празник на Сојузна Република Германија
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод Националниот празник на Сојузна Република Германија, упати честитка до Н.Е г.Јоаким Гаук, Сојузен претседател на Сојузна Република Германија. Почитуван господине Претседателe, Со особено задоволство, од мое име и од името на граѓаните на Република Македонија, Ви го честитам Националниот празник на Сојузна Република Германија, 3 октомври, и Ви упатувам најискрени желби за просперитет и благосостојба на пријателска Германија и на нејзините граѓани. Почитуван Претседателе, односите и соработката меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија бележат постојан напредок, како на политички, така и на економски и на културен план, што навистина ме радува. Мојата земја во Сојузна Република Германија гледа искрен партнер, принципиелен поддржувач на нашите европски и евроатлантски аспирации, а тоа за нас има огромно значење и високо го цениме. Ве уверувам Ваша Екселенијо, дека заложбите за јакнење на искреното партнерство со Вашата земја, останува трајна определба на нашата надворешна политика. Во очекување дека наскоро ќе имаме можност да се сретнеме, дозволете ми, господине Претседателе, да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување. д-р Ѓорге Иванов
|