Писмо со сочуство до рускиот претседател Путин за настраданите во поплавата во Краснодар
Понеделник, 09 Јули 2012   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати писмо со сочуство до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, за жртвите во поплавата во Краснодар.

Почитуван господине Претседателе,

Со длабока тага ја примив веста за големата трагедија – поплавата во Краснодар, која однесе бесценети човечки животи. Искрено жалам за загубените животи во оваа природна непогода.

Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Руската Федерација и за  семејствата на настраданите, дозволете ми, од име на граѓаните на Република Македонија и од мое име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Во овие моменти на тага, нашите мисли се со Вас и со семејствата на настраданите.

Ве молам, господине Претседателе, изразите на сочувство да ги пренесете до пријателскиот руски народ.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад