Честитка до Претседателот на Република Унгарија д-р Ласло Шојом
Понеделник, 15 Март 2010   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод Националниот празник на Република Унгарија, испрати честитка до Претседателот на Република Унгарија д-р Ласло Шојом.
Почитуван господине Претседател,
По повод Националниот празник на Република Унгарија, ми претставува посебна чест, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата земја, и благосостојба на пријателскиот унгарски народ.
Во овој свечен момент, дозволете ми да ја изразам својата и на Република Македонија целосна подготвеност за натамошно јакнење на односите на пријателство како и за интензивирање на соработката со Република Унгарија, во сите сфери од заемен интерес. Останувам со уверување дека поддршката што Вашата земја ја дава за европската и евроатлантската интеграција на мојата земја, нема да изостане во периодот што следи.
Со такво уверување и со надеж за наша скорешна средба, Ви ги упатувам, господине Претседател, изразите на моето највисоко почитување.



  Back<<Назад