|
Честитка до Претседателот на Република Унгарија д-р Ласло Шојом
|
|
Monday, 15 March 2010 00:00
|
|
|
There are no translations available.
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, по повод Националниот празник на Република Унгарија, испрати честитка до Претседателот на Република Унгарија д-р Ласло Шојом. Почитуван господине Претседател, По повод Националниот празник на Република Унгарија, ми претставува посебна чест, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата земја, и благосостојба на пријателскиот унгарски народ. Во овој свечен момент, дозволете ми да ја изразам својата и на Република Македонија целосна подготвеност за натамошно јакнење на односите на пријателство како и за интензивирање на соработката со Република Унгарија, во сите сфери од заемен интерес. Останувам со уверување дека поддршката што Вашата земја ја дава за европската и евроатлантската интеграција на мојата земја, нема да изостане во периодот што следи. Со такво уверување и со надеж за наша скорешна средба, Ви ги упатувам, господине Претседател, изразите на моето највисоко почитување.
|