Писмо со сочувство до српскиот претседател Николиќ за настраданите во вежбата „Дипломец 2012“
Вторник, 19 Јуни 2012   

Претседателот на Република Макеоднија д-р Ѓорге Иванов испрати писмо со сочуство за настраданите во несреќата при воената вежба во Србија:

Почитуван господине Претседател,

Со големо жалење ја примив веста за несреќата што се случи за време на вежбата „Дипломец 2012“ и длабоко жалам за загубените млади животи и за седумте повредени кадети.

Дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство. Ве молам, изразите на најдлабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на настраданите и сакам да Ве уверам дека граѓаните на Република Македонија и јас лично искрено жалиме за овој трагичен настан.
                                   
д-р Ѓорге Иванов


  Back<<Назад