| Честитка до полскиот претседател Коморовски по повод Националниот ден на Република Полска | |
|
|
Имам особена чест и задоволство, по повод Националниот ден на Република Полска, во свое име и во името на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за натамошен напредок на Вашата земја и за благосостојба на пријателскиот полски народ. Дозволете ми, во оваа свечена пригода, да ја изразам својата увереност дека односите и соработката меѓу нашите две земји ќе бележат уште понагласен интензитет во сите сфери од заемен интерес. Република Македонија и нејзините граѓани високо ја ценат досегашната поддршка на Република Полска, за напорите за наше целосно интегрирање во европските и евроатлантските структури. Имајќи ги предвид заедничките заложби и визии за обединета, демократска и просперитетна Европа, убеден сум дека поддршката од Република Полска ќе ја имаме и во периодот што претстои, особено пред и за време на Самитот на НАТО во Чикаго, како и на претстојните состаноци на Европскиот совет. Господине Претседателе, со надеж дека наскоро повторно ќе имаме можност да се сретнеме, Ви ги упатувам изразите на моето високо почитување. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати честитка до полскиот претседател Бронислав Коморовски по повод Националниот ден на Република Полска:










