| Честитка до рускиот претседател Владимир Путин за преземањето на функцијата | |
|
|
Почитуван господине Претседателе, Ми претставува особена чест и задоволство, да Ви упатам најискрени честитки за преземањето на функцијата претседател на Руската Федерација. Воедно, Ви упатувам искрени желби за успешно извршување на високата и одговорна функција, за многу здравје и лична среќа. Ја користам оваа свечена прилика да го изразам задоволството од висoкиот степен на традиционално пријателските односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација. Верувам дека ќе се согласите со оцената дека веќе подолг период се чувствува позитивната динамика во односите меѓу нашите земји. Политичкиот дијалог на високо и највиско ниво претставува гаранција за натамошно унапредување и продлабочување на плодната соработка во сите сфери од заемен интерес, особено на економски, енергетски, културен и научно-образовен план. Очекувам ваквата соработка и достигнатото ниво на политички односи со заемен ангажман да продолжи во периодот што следи. Со такво уверување и со најискрени желби за Ваша натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам изразите на моето највисоко почитување. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати честитка до Владимир Путин, новиот претседател на руската Федерација, за преземањето на функцијата:










