| Честитка од претседателот Иванов до новоизбраниот претседател на Унгарија, Јанош Адер | |
|
|
Почитуван господине Претседателе, Ми претставува особена чест и задоволство, да Ви упатам најискрени честитки за Вашиот избор за претседател на Унгарија. Во оваа свечена пригода, Ви упатувам искрени желби за успешно извршување на високата и одговорна функција, за многу здравје и лична среќа. Ја користам оваа свечена пригода да го изразам задоволството од висoкиот степен на традиционално пријателските односи меѓу Република Македонија и Унгарија, и да го изразам своето уверување дека со заеднички ангажман ќе придонесеме за натамошно унапредување на истите во сите области од заемен интерес. Верувам дека во наредниот период ќе имам можност да Ве поздравам во Република Македонија, со што ќе дадеме силен импулс за натамошно продлабочување на соработката. Бидете уверени дека пријателска Унгарија ја сметаме за искрен партнер на полето на европските и евроатлантските интеграции. Сакам да Ве уверам, господине Претседателе, дека македонските граѓани остануваат посветени за исполнување на вековниот сон за европска и евроатлантска Македонија. Имајќи го ова предвид, би сакал да искажам благодарност за поддршката која Вашата земја и ја дава на Република Македонија во таа насока, како и да ја истакнам длабоката увереност и очекувањето дека истата ќе продолжи и во претстојниот период, особено пред и за време на Самитот на НАТО во Чикаго, како и на претстојните состаноци на Европскиот совет. Со такво уверување и со најискрени желби за Ваша натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам изразите на моето највисоко почитување. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до новоизбраниот претседател на Унгарија, Јанош Адер:










