| Честитка до претседателот Перес по повод Денот на независноста на Државата Израел | |
|
|
Почитуван господине Претседателe, Ја користам оваа свечена пригода да го искажам своето задоволство од досегашниот позитивен развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Државата Израел, како и од воспоставените односи на наше лично пријателство и соработка. Убеден сум дека нашите односи и во иднина ќе продолжат да се развиваат во духот на пријателството и заемната поддршка. Односи кои се темелат врз вековното препознавање и разбирање меѓу нашите два пријателски народи. Господине Претседателе, упатувајќи Ви најдобри желби, Ве молам да ги примите изразите на моето највисоко почитување. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов испрати честитика до израелскиот претседател Шимон Перес по повод Денот на независноста на Државата Израел:










