Писмена изјава на Претседателот Иванов по повод убиството на петте лица во близина на скопското село Смиљковци
Петок, 13 Април 2012   

Изјава на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод убиството на петте лица во близина на скопското село Смиљковци.

Длабоко сочувствувам со семејствата на трагично загинатите лица. Најостро го осудувам овој грозоморен и злосторнички чин.

Барам и очекувам надлежните институции да го расветлат овој случај, и воедно апелирам на воздржаност од сите. Во овие моменти на длабока тага најмалку што е потребно е каква било злоупотреба на овој трагичен настан. Апелирам на разумност и одговорност.

Д-р Ѓорге Иванов


 

  Back<<Назад