|
Честитка од претседателот Иванов до православните верници по повод големиот христијански празник Велигден
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до христијанските верници по повод празникот Воскресение Христово - Велигден. Во овие празнични денови ми претставува особено задоволство и чест, на сите православни верници, да им го честитам христијанскиот празник, празникот над сите празници, Воскресението Христово - Велигден. Ви посакувам Велигден да го поминете во среќа и благосостојба, опкружени од своите најблиски и исполнети со верба и безмерна радост поради Христовата победа над смртта. Велигден како празник на светлината е убава можност, поткрепени од божјата милост, да работиме на нашата духовност, грижа и љубов за другите. Христовата жртва за човештвото нека биде патоказ за добродетелство, меѓусебно помагање и споделување со сите наши сограѓани без разлика на нивната етничка и верска припадност. Велигден е празник на победата на правдата над насилството. Празник на вечната верба и надеж. Нека е честит празникот и за многу години. Христос воскресна! Навистина воскресна!
д-р Ѓорге Иванов
|