| Честитка до ирскиот претседател Хигинс по повод националниот празник на Ирска, Свети Патрик | |
|
|
Ваша Екселенцијо, Ми претставува особено задоволство, по повод Свети Патрик, националниот празник на Ирска, во свое име и во име на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата држава и благосостојба на нејзините граѓани. Дозволете ми, во оваа свечена пригода, да го изразам своето уверување дека односите на пријателство и меѓусебно разбирање, како и соработката меѓу двете наши земји, во периодот што следи ќе продолжат да се развиваат и надградуваат, во духот на заедничките заложби за демократска, стабилна, обединета и просперитетна Европа. Сакам да ја нагласам нашата целосна подготвеност на тој план. Се надевам дека наскоро ќе имаме можност да се сретнеме и да дадеме личен придонес и импулс за натамошно унапредување на билатералните односи и соработка. Со искрени желби за Ваша натамошна успешна работа, лична среќа и добро здравје, Ви ги упатувам, Ваша Екселенцијо, изразите на моето високо почитување. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, испрати честитка до претседателот на Ирска, Мајкл Д. Хигинс по повод националниот празник на Ирска, Свети Патрик.










