| Честитка до новоизбраниот претседател на Сојузна Република Германија, Н.Е. Јоахим Гаук | |
|
|
Почитуван господине Претседателе, Ми претставува особена чест и задоволство да Ви упатам најискрени честитки за Вашиот избор за претседател на Сојузна Република Германија. Во оваа убава пригода, Ви упатувам искрени желби за успешно извршување на високата и одговорна функција, за многу здравје и лична среќа. Дозволете ми, да го изразам задоволството од висoкиот степен на традиционално пријателските односи и соработката меѓу нашите држави и да го изразам своето уверување дека со заеднички сили ќе дадеме свој придонес за натамошно унапредување на истите во сите области од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Бидете уверени дека Сојузна Република Германија ја сметаме за искрен пријател и партнер, не само во сферата на економијата и реформите, туку и на полето на европските и евроатлантските интеграции. Сакам да Ве уверам, господине Претседателе, дека Република Македонија и нејзините граѓани остануваат посветени за исполнување на вековниот сон за европска и евроатлантска Македонија. Би сакал да ја искористам оваа свечена прилика да искажам благодарност за поддршката која Вашата земја и ја дава на Република Македонија во оваа насока, како и да ја истакнам длабоката увереност и очекувањето дека истата ќе продолжи и во претстојниот период, особено пред и за време на Самитот на НАТО во Чикаго, како и на претстојните состаноци на Европскиот совет. Со такво уверување и со најискрени желби за Ваша натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам изразите на моето највисоко почитување. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати писмо со честитка до Неговата Екселенција, г. Јоахим Гаук, новоизбраниот претседател на Сојузна Република Германија:










